вртоглавица (ж.)
Ветровите што со тебе ноќевале излетаа ко црвени пеперуги Патува сега таа румена шума таа добра сенка на твојата смиреност таа ведра чадовина О ружо на пладнето дали тоа во нас се населува нова вртоглавица Во белиот камен покрај патот израснува еден румен знак Твојот цут во каменот се враќа Дали е тоа предзнак и за нас што дојдовме многу од далеку во тихиот предел на спомените.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Постојаното зуење и непроменливата бела светлина му предизвикуваа вртоглавица, некакво празно чувство во главата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
9. КИНИСАЛО МОРЕТО В РЕКА ДА СЕ ДАВИ - така е штом светот вртоглавица го фати, изместени вредностите и смешни ги прави и на жалните комендии им отвора врати...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Амам: промена на смислата
Не кога ќе влезеш
и кога ќе те заплисне врел
и непроѕирен воздух
не кога ќе те поклопат
капките разлеани по ѕидовите
реата, мермерот, мрморењето
не кога ќе те обземе вртоглавица
зашеметеност од празнината
на амамот, полна пот, плот и пареа
не кога ќе те погоди како отсјај во сон
светлината подадена низ розетата
дозирано, од високо
не додека студеното сонце-иње
од карши ги облагородува
дрвјата, релјефите, порталите, фасадите
на сараите
туку
кога ќе потонеш гола во гротлото
ко крвава рожба во исцедокот од водолијата
тукушто прсната, за да може
да се слизне низ пенџерето
на животот
(на)право во царството на немилосрдноста
кога збунетото тело ќе помисли
дека секое друго место е подобро
ама ќе остане и понатаму - таму
без да се помести
кога ќе ја осетиш жешката вода како оддалечување
од секојдневието, од агонијата на распадот
(целото е мислена именка, далечно минато)
кога ќе се престориш течен заборав
божји благослов
и ќе му се предадеш на телото мислејќи
си ѝ се предал
на психата
егзотичното прелевање на смислата
сѐ додека не се претвориш во
прелив како таков
кога ќе се испреплетат значењата
едни со други
и ќе се испретурат во кошницата
на светогледот
а ти ќе тргнеш во потрага по
почетокот
кога ќе сфатиш -
Бизант е капија во темните агли на памтењето
цела епоха е втисната како анатолиска крпенка
во обичните зборови од твојот мајчин јазик
во интимата на јазикот
и се спровира низ капијата
кон одаите и спалните
дома
кајшто по извесно време
по извесна стварност
потеклото се заташкува
сродството се изобличува
јазикот има свои потреби
како и телото
сфаќаш и тонеш во без-сознание
зад јазикот, отаде
нека почека
ако те чека ...
Истанбул, декември 2003
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Од тоа руно трпеливо и споро се ронеше тој снег, паѓаше бесшумно и кружејќи, имаше чудно мек допир во својата залебденост, носеше блага вртоглавица во погледот, со онаа чудна развиорена спорост на своите роеви-роеви снежинки, што надоаѓаа повеќе од сите страни отколку озгора, густо и со некаква волшебност исполнувајќи го просторот меѓу небото и земјата.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Пребледнуваше, а празнината, што му се таеше под стомакот сега му се рашируваше по целата внатрешност, сушејќи му го грлото и носејќи вртоглавица. Тој застануваше да здивне.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тогаш отиде до клупата и седна, а телото уште два пати благо ѝ се стресе и секое стресување, што ѝ минуваше низ телото ѝ ја одземаше вртоглавицата која сѐ уште беше во неа, и секое повторно смирување или сталожување одново ѝ враќаше дел од изгубената сила.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Тоа беше голема глупост; прво, затоа што ние бевме извонредно подготвени за работење на височина; а згора на тоа, дури и во случај на вртоглавица, не можеше да дојде до катастрофа, зашто секој од нас беше врзан со цврст кожен ремен кој, со јаже, беше прицврстен за костурот на градбата. Двесте и педесет, двесте и осумдесет, триста метри.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Тој пресврт го означи текстот Зошто социолози?: ќор-сокакот на знаењето, вртоглавицата на незнаењето (то ест, во ист момент, апсурдност и невозможност да се акумулира некоја вредност во рамките на знаењето), се движи како некое апсолутно оружје против самата власт, за да ја урне сообразно на идентичното вртоглаво сценарио на отстапување.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Како да ја губев рамнотежата меѓу морето и копното, чувствував брза вртоглавица Многу години подоцна кога се распадна Југославија подморниците припаднаа на новата држава Црна Гора.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Почувствува лесна вртоглавица од глетката што прва му излезе пред очи.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Си мислат ќе минат сите вртоглавици, ќе дојде колце на тркалце и пак ќе си се вратат од каде што кинисале само сега како порцулански заб, петка горе десно.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Верувам дека ќе добиеш таква вртоглавица од која на место ќе се онесвестиш.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
И, ете, вртоглавицата пештерска стивна.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
„Мене, сине, секогаш на врвовите ме фаќа силна вртоглавица.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Кога ќе се загледаше во нивните роеви, имаше впечаток како со нив, со тоа нивно густо виорење, што носи некоја блага и бесконечно лелеава вртоглавица, да се спушташе на земјата целото небо.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ги допираше со своите облини, се виткаше пред нив создавајќи им вртоглавица, зашеметеност; лудуваа тие по нејзините испружени раце, по нејзините растреперени и игриви делови на телото, по нејзината долга, развиорена коса како гривна на ждребица; лудуваа и кога ќе почнеше да се крши пред нив, да игра и да потскокнува ширејќи ги рацете како крилја, како да сака да полета.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Во Европа играат три чекори напред два назад, танцуваат валцери од кои се фаќа вртоглавица, баш како што танцува историјата.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Расказите на Бартелми ги избегнуваат телеолошките импликации на разликите меѓу негативниот и позитивниот аспект, а сепак делотворно ја прикажуваат таа разлика, лебдат во таа сфера на неизвесност и вртоглавица.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Од тоа нишање ракчето на неговата брада почувствува вртоглавица.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)