вслуша (св.)
Пријателот се доверувал нешто во врска со жена си додека некој зад нив, несвесно, тропал со лиска клучеви внимателно вслушан во својот соговорник на соседната маса.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Вслушувајќи се во таа бучава во којашто се тушираше сончевиот ден и во песната на славејчето, како да се најде повторно понесен од матицата на планинската река што синоќа го однесе во тврд сон, а утринава го повикува и тој да потече по своето корито на денот.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Само треба да знаеш како да се вслушаш и да умееш да ги откриеш местата по кои шетаат).
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Миг стоиме вслушани во песната што предупредува и вели да не им се верува на битолските батакшии кои ветуваат, а не земаат.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
И вслушувајќи се со ослабнато внимание во утањето на утките од под стреите и на бувот од Камен, и чувствувајќи се некако, победител над нив и над сѐ што тие можат да искобат, гласно повторува: Значи така, значи така, тој, Максим Акиноски се обидува да го припрокрене мракот од душите и умовоте на славјаните во Потковицата и да пушти светлина во нив.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Молчеше, се мачеше да дише што потивко и се вслушуваше. Челото му се ороси со пот.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Се вслушнувам во рабинот... се вслушнувам во седумгодишното дете, во сѐ што е мудрост и природа.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Го допрев увото до неа, замижав и се вслушав.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Бојан трепна. Се исправи на леглото и се вслуша.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Игуменот им го покажа и гробот на св. Наум и им рече: - Закопан е пред илјада години, а срцето сѐ уште му чука... - се наведна, го залепи ушето на плочата од гробот, постоја така вслушнувајќи се; полковниците заинтересирано го гледаа игуменот, кој, станувајќи, оддавеше со лицето блаженост и задоволство што го чул живиот отчук на срцето на светецот.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Тој поослободено се вслуша во неговото збамборено раскажување за родниот Дубровник, и колку што тоа напредуваше, рибарот стануваше сѐ повеќе заинтересиран, небаре наскоро и самиот ќе отпатува таму со карванот на Марин Крусиќ.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Оди, легнува, фаќа заслон зад грмушка, зад камен, се притајува, се вслушува и продолжува понатаму.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
За сето време додека разговараа, Горда си играше со ножовите меѓу прстите, а сега одеднаш престана и го одвои погледот од Грдан, изострувајќи го до вслушување.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Потоа Едо уште еднаш се вслуша во работењето на моторот и му рече на чичко Васка: „Треба да купите нова водна пумпа“.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Кога се вслушав во разговорот меѓу татко ми и Вера, чув како тој ѝ раскажуваше за конференцијата на која бил вечерва, за тоа што таму зборувале.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Во својот познат есеј „Поетот за критиката“, Марина Цветаева, ќе рече: „ Сè вслушнувам во секој голем глас, кому и да му припаѓа тој.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Земјата, за која му требаше време да сфати како да се вслуша во неа, сега омекната до кал го слушаше него; му беше доста да ја допре онаа неуловлива нишка меѓу вивките на мозокот или вршките на нервот и потегот на зглобот или јаготките на прстите.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Додека се појавија сватовите Милка и Пелагија се префрлија во спалната каде што беа другите моми на Роса со внучињата Венко и Стојанчо и Пела, која, завлечена од нив двајцата и од нивната неконтролирана игра, заборавила дека треба пристојно да се однесува, особено кога се во туѓа куќа на гости, ама неколкуте прекорни погледи на мајката ја смирија и за кусо време ја снема од спалната, се смести крај бабата Перса и внимателно се вслуша во разговорот што го водеа бабите.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Се вслушува повторно и го буди Банда: „Станувај, умрел некој...“
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Наеднаш Томчо ја прекина својата песна и се вслуша.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)