вчудовидувачки (прид.)
Разубавувањето на нејзиниот изглед беше вчудовидувачко.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Покажуваат вчудовидувачка интелигенција да распознаат кога едно човечко суштество е беспомошно.“
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Момчето беше голем уметник, способен постојано да измислува нови комбинации и специјални климакси, а некои беа „ноти“ од сферата на Непознатото, со паузи, привидни дисонанци, ноти кои ненадејно се пробиваа една со друга и прскаа заедно, со вчудоневидувачки, врел и сладок удар. (...) Аракнид, шоферот на Ендрју Кеиф е единствен домородец во Интерзона кој не е ниту педер ниту бузерант.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Сега разбра што мислел О'Брајан кога му рече да се погледне и од профил. Кривината на 'рбетот беше вчудовидувачка.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
И навистина, по крвавиот опис за уништувањето на евразиската армија, со вчудовидувачки бројки за убиените и заробените, уследи соопштението дека, почнувајќи од идната недела, следувањето на чоколада ќе биде намалено од триесет грама на дваесет.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Вчудоневидувачки беше фактот дека во селото нема деца па ни помлади луѓе. Селото како да беше на умирање.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Музиката продолжуваше, минута по минута, со вчудовидувачки варијации, не повторувајќи се ниту еднаш, речиси како птицата намерно да се фали со својата виртуозност.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)