гладост (ж.)
Гори младост... Дни се нижат в страшна гладост.
„Песни“
од Коле Неделковски
(1941)
Онемувале и гледале вкочането, чиниш ги обзел верски занес. Чувствувале машка гладост.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Само гладоста и љубопитноста, или едното и другото, можеле да го доближат толку до луѓето и до запрегите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Мајка, која везден ја чистеше насобраната прав од книгите, продолжи со сите нас, децата, тажно да ги прелистува книгите, гледајќи н како се мачиме и никако не можеше да ни ја смират гладоста ниту нејзините волшепства кога со преостанатиот мал дел од брашното од изминатиот месец и разретченото масло правеше вкусни пити.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)