говорител (м.)
Сличното се согледува во тоа што песните од „Две тишини“ продолжуваат да го демнат претурањето од мислата во јазикот кое непрекинато се одвива со секој одделен, изговорен збор на кој било говорител без ниедна загубена капка капната патем, пред содржината на Едното целосно да стане содржина на Другото.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Затоа оваа поезија е неуморна: сето време, без престан, го надгледува претурањето од мислата во јазикот на своите говорители и чека „инцидент“ сѐ дури самата не стане тоа што го чека: инцидент меѓу мислата и јазикот чијашто разврска мора да биде во интерес на мислата, што значи јазикот треба да се шири и да се растегнува, постојано да се долева и полни не со водата на Едното, туку со водата што се исушила не сакајќи да се прелее во Другото.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Можни се следниве појави: а) еден глас се обележува со една или повеќе букви, и б) една буква самостојно означува неколку различни гласови или влегува во повеќе буквени групи и означува повеќе гласови.
„Правопис на македонскиот јазик“
од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје
(2017)
Бесот на говорителката од скалите пред Националниот театар најмногу се огледал во реченицата: „Лувр е гробницата на бугарското кино!“
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
При пренесувањето на англиските самогласки на македонски не се зема предвид нивната должина бидејќи таа нема смислоразликувачко значење во македонскиот јазик. Англиската самогласка /æ/ покажува варијантност во пренесувањето на македонски, каде што наизменично се употребуваат е и а.
„Правопис на македонскиот јазик“
од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје
(2017)
Татко, како познавач на старотурскиот, односно османскиот јазик, но и како негов современик, за време на студиите во Цариград, беше мошне внимателно слушан од Камилски, макар што според него говорителот се оддалечуваше од целта на дебатата, ако цел воопшто имаше.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Транскрипција и транслитерација на туѓите имиња Шпански јазик Во шпанскиот јазик има пет самогласки (a, e, i, o, u), 22 согласки (b, c, d, f, g, h, j, k, l, m, n, ñ, p, q, r, s, t, v, w, x, y, z) и три диграфи (ch, ll, rr). 394. а) Самогласки и самогласни групи На самогласките им соодветствуваат петте самогласки во македонскиот јазик со ретки исклучоци по традиција (Colombia – Колумбија).
„Правопис на македонскиот јазик“
од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје
(2017)
Се одвива во рамките на сите семејства што претставуваат едно општество или културна единица, така што сите припадници на одредена група на човечко живеење на крајот спонтано ќе бидат, на пример, родени говорители на еден јазик – иако го учеле во различни околности и во малку различни верзии.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)