грабне св.

грабне (св.)

Време е очајот да се измоча и одземената слобода да се грабне време е во ова невреме мачно месијата мајка да ни расплаче Да можат и сонцето би го згаснале просветлени демони во мрак да можат сите би не убиле време е да им застанеме на пат Парталави души нечистотија шират со омраза нѐ распарчија до коска време е за сурова војна со овој болен и импотентен свет
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Пеперугата ја грабнала Мравката од мравињакот под дрвото и ја однела под земјата. – Вистина е сето ова!, - рекол и другиот пријател. – И јас видов како лета пепругата и како ја носи мравката .
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
1. Еден Циган без цигулка Еден Циган без Циганка Еден Циган без дружина донеса денеска Замижано над постела тој стегаше раце суви борејќи се со некого заздиван Па наеднаш грабна дизгин невидлив и атот игрив го потера сиот в пот и распеан Но в час коњот се исплаши и се сопна Тој извика на уста со топла пена румена Не го крена коњот сакан Не намести нови жици Под чергата в пламен сета замолча Еден Циган без дружина еден Циган без Циганка еден Циган без цигулка однесоа денеска.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Се надевам дека оваа шмизла нема неславно да заврши и да биде киднапирана од неколку цигани кои лесно можат да ја грабнат и да ја турат у циганска кочија па да ја продадат на некој продавач на старо железо.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Тогаш јастребот го грабна огромниот дијамант со своите остри канџи и летна низ темницата во насока кон гората.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Му ги затвори очите го грабна на крилата и го однесе во царството на соништата...
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Некои војници во тие пијанства ќе ја грабнат пушката и ќе излетаат од окопата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Роден бил некаде Битолското, од татко Турчин и мајка рисјанка што ја грабнал насила некаде Мариовското кога бил таму во потера како турски војник.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Го грабна буклето од кладенецот и побрза до патчето кон нивјето.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Зошто пушката ти лежи фрлена? - праша и се пресегна преку него, ја грабна, се повлече во поврзниот ров, ја погледна. - Закочена, - рече прекорно.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Таа сметаше дека грабнувањето на двата стола е всушност најмалата казна што можела да ѝ се одреди на кафеаната со оглед на сите вознемирувачки ноќи што ни ги приредуваа гостите на овој локал.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Непреодолива сила го грабна и го завлече под земја.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Го грабнуваа детето и бегаа со него низ прозорецот...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Зимаа стркала топка од бели мисли но ти не извика топла е студенината на снегот Па сега без прекин чекориш по тенкиот млаз од светлината што како пат виножитен се распнал меѓу погледите и води во густата жижа на едно познато молчење Се чудиш зошто се гранките во превезот румено бел проѕирни како мирната и широката мрежа на очите Но колку и да се надвесени тие над мртвите води сепак би те грабнале на раце
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Ја грабнав ќесата и се затрчав кон влезот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Толку збеснав што се вртам околу себе да грабнам нешто со што ќе го претепам овој дембел.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Еден младинец го грабна путирот и со него му ја расцепи главата на еден од сејмените.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Винстон ја посматраше еден миг. Потоа со ненадеен брз скок го грабна парчето чоколада од раката на сестра си и избега низ вратата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Бојан го грабна стомнето што го беше донел од колибата, а Денко ги зеде двата термоса што археолозите секогаш ги носеа со себе, па се стрчаа по патеката што се спушташе кон стубелот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Можеби ме грабнала од некое босанско село, од двор, од улица на некој град и дошла овдека да си го ебава животот во шупата во која поминавме шеснаесет години.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Повеќе