гравура ж.

гравура (ж.)

Наместо било што во директна врска со О'Брајан или со Братството, во свеста му се појави некаков комбиниран приказ од темната соба во која мајка му ги помина последните денови од животот и од малата соба над продавницата на г.Черингтон, со стаклениот тег за хартија и со металната гравура во нејзината рамка од ружино дрво.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Епилепсија на смислата за форма Одредени орнаментални гравури од околу 1600, освен што влијаеле врз нашата современа уметност, значајни се и како илустрација за една од најопасните духовни стапици што го загрозуваат маниризмот: се раѓа и манифестира вистинска страст за украсување, едно налудничаво играње со потполна неоформеност, повремено пријатно продирање во подрачјата на паранојата.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тоа суштество на гравурата, кое се наоѓа во мигот на својата загледаност во небиднината, има крилја, но не е ангел; таа жена е алегорија на меланхолијата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Имаше чувство дека може да влезе во него и дека е всушност веќе внатре, заедно со креветот од махагониево дрво и со масата на расклопување, и со часовникот, и со металната гравура, и со самиот тег за хартија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Беше тоа гравура на една заоблена градба со правоаголни прозорци и со мала кула во преден план.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„А онаа слика онаму...“ таа покажа со глава кон гравурата на ѕидот отспротива, „дали и таа е стара сто години?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ќе ја купи гравурата на Свети Клемент, ќе ја извади од рамката и ќе ја однесе дома скриена под жакетот на својата униформа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Имаше и гравури од Светото писмо...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
„Сега, ако случајно ве интересираат стари гравури...“ почна тој деликатно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
По сѐ изгледа дека тнр. гравури од Виндзор, на пример, кои светот едновремено симболички го покажуваат во неговата прасостојба и во неговиот катаклизмички самрак, настануваат токму врз темелите на таков тип “леонардовски” визии.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)