гргне (св.)
Јас ѝ го фатив ножот и гргна крв, ми се наполни раката.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Двајцата гргнаа да се смеат. И двајцата се смееја за истата причина.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Водата повторно гргна во шолјата.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Ама кога се покажа и Горица, и мене ми гргнаа солзи.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Другарчињата само немо ја погледнаа, неразбирајќи ниту еден збор од кажаното, па гргнаа да се смеат неконтролирано.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Како ќе се плати оваа страшна сума, една редица нули, како одовде до Ресна. Пот гргна од него.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
3. Нерамна игра
Триаголниците поаѓаат од ист центар
квадратот го ништат, правиот злокобен агол
еве ја шестката – превртливиот
и бескрајно лажлив круг со кука
со јаречки рог на врвот
наполу слепи, наполу видовити
прстите кратат
очите врзуваат
но, ја преминат ли/
кревката мрежичка на видливото
заборават ли на Играта, Домине
ќе гргнат невидливите нумери
сефироти, корени и децимали
деливи и неделиви
ќе го скршат јајцето под конец
бележитото ќе го издвојат
и неверното
фикцијата од тристашеесетишест степени
ќе ја расцепат на две-три-четири
ќе добијат полутки
опозиции, ѕвезда до ѕвезда
квадрат во квадрат – круг
магија, вавилонска перла
ниска по ниска
алка по алка, ала – слобода.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)