грмеж м.

грмеж (м.)

Да видиме чиј грмеж ќе биде посилен, небесниот или нашиот?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Гората екна од грмежите на бомбите, а доловите го презедоа татнежот и секој за себе го повтори.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А авионите не престануваа со голема бучава ниско да летаат и да бијат со долги митралези рафалии и страшни беа грмежите на бомбите и ужасен беше пламенот што се издигнуваше над рамницата и ги снемуваше гласните викотници и лелеци на луѓето кои гинеа под бомбите и гореа во пламенот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Радоста што се разлеа по лицата на присутните, предизвикана од силниот грмеж, брзо исчезна кога се доближија до топчето и го видоа надве распукано.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Така еднаш цела недела небото ту беше црно, ту сиво, далеку се слушаа грмежи.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Потерниот обрач се запали. Секој војник почна да стрела во правецот откаде идеа гласовите и грмежот на бомбите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
По грмежот на Питу, кој беше сигнал за востаниците; тие сите ги испразнија своите пушки.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Дури и рамото ми се стресе од пукањето, а во ушите ми ѕунеше додека слушав како ехото од далечните врвови го враќаа до нас грмежот од испуканиот куршум.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Наслушкува. И слуша нови грмежи и татнежи и тапо удирање на крвта во ушите, стегање во грлото.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Но уште убаво не беше разденето — почнаа грмежи од пушки и бомби на ЛиЃураса, која беше на пет-шест километри од селото.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И не се излага Тренков. Навистина, тие топовски грмежи идеа од Крушево, и навистина Никола Карев со своите другари се расправаше со агите, но не да ги избрка, но сега ја бранеше победата и првата македонска република од турските сили кои донесоа и топови за да ја урнат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога ги снемуваш авионите, тогаш рамницата ја биеја топови. Грмеж зад грмеж.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Долета како што му личи на орел, Со грмежи што јачеа во шумата Со кисела пот во вратот, Со пена во клунот, Со крв на ноктите.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Кога заврши претставата, со грмеж во салата (дали како сценски ефект или како ровја над градот, не беше јасно), а светлата се запалија во гледалиштето, актерите излегоа пред спуштената завеса, избледена и излитена, па долго и длабоко се поклонуваа пред публиката измамувајќи само млак, пристоен но повремен аплауз.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Еј, беља, промрморе дедо Иван, веќе сериозно загрижен. Ја крена пушката и уште еден грмеш ја разбранува снежната ноќ.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Одекна грмеж. Ноќта се разбранува.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ѓорче се замисли и долго ги слуша грмежите од бомбите. Му се стори дури дека го гледа и чадот од нив во гората под Добро Поле.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Патуваа со мене над бездни, и јас не можев да чујам од железниот грмеж дали свири ветар во нивните празни усти.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Од топчето се крена мал син пламен и - се разнесе грмеж.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Еден-два часа потоа нови грмежи ми го привлекоа внимание и видов нови десетина мечки - австриска ескадрила.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Повеќе