грмотевица ж.

грмотевица (ж.)

Потпукнува ко грмотевица и ми ги полни ушиве.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А и грмотевиците ни идат одоколу.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Доаѓаат како грмотевици од ведро небо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Страшна грмотевица ја растресе земјата.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Додека околу нив се мешале извици, истрели и блиски далечни грмотевици, вториот раненик, оној, преку чии очи минал шрапнел, лежел ничкум и копал со нокти и заби под себе и пцуел, пелтечаво и тешко, под контузија - и султанско знаме, и паши, и вера, Тој до него, со две парчиња од војничкиот ремен ги стискал нозете над коленици за да не ја изгуби крвта и со неверување слушал во зачуденоста без чувство за болка, за еден миг заборавајќи си ја судбината: кауринот, на кого му е укажана чест да биде војник под зелен бајрак, не атакувал за да ги убива оние што ги зеле да се бори со нив за нив, милосливите.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се движи со сулфур и грмотевици и ја пали тревата.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ко грмотевица завива одзивот на гласот меѓу две разјарени тела...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Од болот што стисокот му го нанесе Србин почна да се созема, сфаќајќи дека тоа не е грмотевица како што прво помисли, туку дека топови рикаат отаде на фронтот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Се сети дека боговите диктираат и судат, порасна високо над нив, преголем да уверува со грмотевици, па сакаше да ги сожалува (не можеше) и сакаше да им се смее (не можеше ни тоа).
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
- Какви ли се овие молскавици и грмотевици?
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Во мигот се стемни во Атеистичкиот музеј. Се слушна грмотевица.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Грмотевицата се разнесе низ ноќта, се одби од долот и се изгуби во празно, пискотливо ехо.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во ноќта се огласуваше бурата. Грмотевици, па дожд.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Зорите ведри, росни, студени во кои како бел килим маглата е послана по длабоките котлини, а облаците – црните носат долготрајни студени дождови, што доаѓаат нагло со многу силни и долги грмотевици и нивниот одглас долго се пренесува низ долгите и длабоки трапишта, процепи и клисури.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Беше измаглица во маглата на темнината, и ова место беше ничие место, и овде воопшто немаше ни година ниту час, само овие луѓе во безличната празнотија на ненадејниот мраз, бура, и бела грмотевица што се движеше зад големиот стрмен панел од зелено стакло — секавицата.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Небото над Езерото го осветли линијата на силна молња, па се зададе и силна грмотевица, небаре ја разнесе сета собирана тишина на Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И грмотевиците што се појавуваат секојпат кога Просперо прави магија предизвикуваат повеќе главоболка одошто стравопочит.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Кутричкиот, сигурно исчекува, слушајќи ја грмотевицата, да му се појави во куќата.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
И јас не можам веќе без тебе, ѝ рече тогаш а таа не рече ништо само се грчеше кај него исплашена од грмотевиците.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
А тогаш сите заедно ќе се вивнат, ќе запловат, ќе јурнат, ќе се размавнат, ќе скокнат и ќе полетаат кон Сонцето, Месечината, ѕвездите, ќе појдат над Атлантикот и Медитеранот; над полињата, дивината, градовите и населбите; кон спокојот на небото, со раскрилените пердуви, трескавичниот шум на телото од леталото, ерупцијата на вулкани, во застрашувачката, трескотна грмотевица; отпрвин трепет, колебање, потоа возлет, издигање, чудесно наднесени ќе се засмеат и ќе си ги провикнат имињата во просторот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Повеќе