гушале (ср.)
Дури Доста го сопаша појасот, го одврза гушалчето, ги разлабави врвците на чорапите и на калците, борината догоре и едвај бледи зраци ја параа црната темница во земникот на Сукалови.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Се завртува ли со тилот кон гостите и се наведува ли да ги наполни чашките од ѓумот, кошулата ѝ се крева и над аловите чорапи и се прогледуваат белите жили под колена. А Бојана отиде уште подалеку: нарочно го разлабави гушалчето и под гушниче ѝ се прогледаа краиштата на градникот, па се прави да не сеќава.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Од сѐ повеќе ја разубавиле бујните гради кои, наполнети со млеко, само што не се истуриле надвор од гушалето.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Сега не си влезе право дома и не го остави ракавот во камарата над оган, ами влезе в земник, го отвори ковчежето во кое си собираше разни работи и каде мајка ѝ никако не проѕираше, го развитка ракавот, прислушна да не иде некој, ја извади китката, и така сама почна да ја гали, да ја мириса, да ја бакнува по цветот и повеќе по корењето, ја лепеше до образи де од едната, де од другата страна, ја притискаше на гради, та дури го извади гушалчето и ја кладе под левата гола град под која силно, како чекан, биеше нејзиното, тукушто разбудено, младо срце.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И затоа Митра се „поткршна"; си обу нови калци, нови чорапи, опаша нова фута, си го врза кадифеното гушалче; ресениот ќилим го префрли преку глава, ги растресе цулувците, ги поначешла кркмите и отпред дојде променета, макар кошулата да не ја смени.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Дури таа вака си мечтаеше, раката ѝ врвеше по главчето горедолу, а наеднаш рачето на чупето го подигна гушалчето, ја пушти дојката и нежно, нежно го растегна малото устенце, гледајќи ја мајка си право во очи; пушти едно „гуу, гу, a? а?“ и почна да ја врти главата пак таму ваму: да ја лапне дојката.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Извади прво ново кошулче од конец, мора „копитата" кошула, саѓија со срмени кистови, појас, алова фута, чорапи, калци и гуна со чоа. Од шамии најдоа десетина гушалчиња, тулбени, ќилими ...
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)