гуши несв.
гуша ж.

гуши (несв.)

Се држи за гради зашто таму нешто му свири; непрекинато долго се закашлува, посинува, се гуши и никако да ја откине и да ја исплука кашлицата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мермер црвен, сиви дамки, празни души, лист вртат на друга страна, домот на правдата се гуши, неправда додека дели.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Малку се гушам од телевизиските сцени во кои претседателот на државата на вдовиците и мајките на загинатите војници свечено им врачува ордени.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Од време навреме скокаа во место цепејки го небото со вресок својствен само на нив, болно плачеа коњски, а пискотот нивни се прочу низ коријата, одекнуваше од околните ридови и повторно се гушеше некаде длабоко во нивните коњски срца.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Кога ме разбуди некакво страшно тропотење, ги отворив очите и прво што видов беа парчиња малтер што паѓаа од таванот и ѕидовите и почувствував дека нешто ме гуши.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Во денешниот капитализам постои модерно унифицирање преку костумирани плави одела и машносуење со кое се гуши индивидуалноста.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Ме сковал ледот И мене и брегот, во тешка зима Ме гуши ледот, ме леди снегот Во леден свет од мори и чуда.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Скарата ја гуши но ѝ дава смисла.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Но четири ѕида убиваат жално гушат, слобода сопираат.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Да се покажеме достојни нивни потомци: да им ги зачуваме славните имиња и да го зачудиме светот со нашата храброст, умешност и самопожртвуваност; да го отресеме од себе срамниот јарем што нѐ гуши пет века…”
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Пак се гушеше… Ја викнав сестрата која ти даде некое апче.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Ја гушеше некоја чудна реа. Земаше воздух во мали голтки.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И чека сѐ додека не забележи дека стравот ти влезе в коски, дека ти го совлада мозокот, те фати за грклан, за гради, те стега, те гмечи, те дави, дека губиш виделина и кога ќе види дека почнуваш да се гушиш, да трепериш, да губиш виделина, тогаш знае дека во тебе го внесе зајакот; престанува да тропа чизмата на подот, тупаницата да удира на масата... од очите му се одлива крвта, на усните му се појавува некаква скриена итрина и без да откини поглед од тебе, ти подава ливче и тивко, тукуречи добродушно, ти вели: - Читај! Гласно!
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Не ја извади запалената цигара од уста и гледаше пред себе во блокот и во него, редум, сѐ додека не му ја разбранува лутата крв што се качуваше од нозе: ги напнуваше градите, го гушеше, удираше со глава и го ослепуваше.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ноември е: се менува небото, зачестуваа дождовите, сѐ се позгуснати и потешки, се набираа маглите во скопската котлина, па испаруваа како од коктел гушејќи ги минувачите.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Талкач во мојата непроодна душа Си Ти Незгаслива жега, пеколна суша Си Ти Како солзи што в грло ме гушат Си Ти Како цвет на крајпатна дива круша Си Ти Како тихо ехо што в мисли го слушам Како вител спомени што ме рушат Граблива птицо плашливо молам – твојте номадски крилја ги свиј! 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
43. НА ОРТОМА ТАА ПРОСО СУШИ - а на телевизорот кога цигара се пуши својот маж со своето сврдле го буши: отвори го прозорецот, овој дим ме гуши...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Ме повикуваш... Се плашам од мислите, што ко троскот се множат... со светлосна брзина, ко цел аскер, непријателски ме гушат...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Вечерва мојот свет се руши, секој немир ме гуши, зошто оваа вечер и ангелите спијат.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Во некои примитивни култури, мажите изведуваат ритуали, со кои му се приближуваат на гушењето за да постигнат ерекција.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Повеќе