дал (чест.)

Зар е важно дал нѐ плиска залез или зора по образот блед.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Дали несреќата е само за да се разбере среќата, мајката, дали доброто е несфатливо без злото?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Многу ми се моча, ама не смеам да ја расипувам песната. Дал да пеам, дал да ја стегам бешиката?
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Дал' и она, би сакал да знам, рамнодушно мене ќе ме мине? О не, нема!..
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
БОЖАНА: Дал и требал да земе!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
А во 1994 година групата се здоби со геј- бесмртност со песната „Андрогин ум“/Androgynous Mind (од Експериментален џет-сет, треш и без ѕвезда/Experimental Jet Set, Trash and No Star) која – можеби поради почитта кон нивниот неодамна починат штитеник и обожавател Курт Кобејн – му го преосвои Бог на геј-идентитетот: Еј оди тажен ангел, збори ко жена Надвор да мисли зошто сѐ е тиња, а не е жена Ене го клоцнат во стомак, го сјебале, таман толку треба Ме клекнаа на колена, му бацувам прстен, Бог е љубов Андрогин ум, андрогин ум Андрогин ум, андрогин ум Андрогин ум, андрогин ум Еј, еј, дал’ си геј?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)