двоколка (ж.)
Сега седел на двоколката и ги греел прстите меѓу стиснатите бутови.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Него постојано го придружуваше исто така Албанец (знаеше малку македонски) кој ја влечеше двоколката (слична на индиските рикши) до врв наполнета со вреќи.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
И двоколката со волето негово ќе ја вратам в село.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Секојдневно тој доаѓаше во домот и со своето како глувче подвижно коњче на малечка двоколка ни носеше леб.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Сѐ уште среќно си спомнувам за тоа прекрасно старче и за оној црн леб донесен во двоколката.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Чекорел во редот на дружината пред својата запрега, потоа легнал на двоколката, се спружил отпуштен и ја завлекол едната рака во сламата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Впрочем, без оглед на состојбата во која се наоѓале, таа пролет била доба на секакви визии во чии магли можеби и бегот, стопанот на неколку воденици, ги претчувствувал патниците со двоколки под знамето на чумата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Подоцна другите слушнале како пцуе, всушност без збор ја товарел двоколката и бил намуртен колку што бил и Онисифор Мечкојад пред да се изгуби од пред нивните очи и од синот со иста обетка на увото каква што била и неговата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Меѓутоа терачите на двоколки, презафатени со самите себе и со своите претпоставки, не го забележувале.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
2 Темни и молчаливи, не само со секири или вили туку некои и со пушки скриени под колите и некои со кубури и јатагани во длабоките појаси, тие дваесет и осуммина продолжиле по покопот да ги влечат чкртавите двоколки по никакви патишта, оние по кои можеле да минат незабележени, и по беспаќа на кои сенките се кинеле со тајна.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Можело да се поверува дека сака да види нешто во далечина, двоколките поставени една зад друга и терачите на тие двоколки или нешто друго, село или селце кон кое го водел патот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Го спуштил стеблото крај легнатото тркало на двоколката, прашал кој ќе му помогне.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во илјада осумстотини триесет и петтата, во доба кога јавачите на апокалипсата биле вечни и достојни на обврските и кога толпа тврдоглави Кукулинци терале спрегнати двоколки преку планини и беспатици да донесат од крај свет камења за ред воденици, Јаков Иконописецот го запалил богољубивиот Круме Арсов но најдивите од дружината го зграпчиле пироманот и го обесиле.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Онисифор Проказник им викнал дека четвртата двоколка во редот е готова, дека ќе го продолжат патот до урнатината на кулата или на манастирот што не доизраснал до темното небо.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ако сакал некој да знае, тој можел да му ја напика в џвало вистината: чудовиштето лежело во самиот параспур на македонското село, во неговата слабост да се измачува со секакви стравотии, со морници да ги задушува морниците на грубиот живот; да, животот е чудовиште што ја подгонува кон бездна двоколката на судбината во која се запрегнати луѓето, сите во јарем и со железен жегол в грла, слепи за крајот на патот, запенети и со сокрвца на напукнатата кожа, со набрекнати јагарци од обете страни на гркланите, под мишки и лево и десно под папоците.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- А и двоколките не ви чинат. Ѕидовите на нив ќе пречат да се товарат и да се истовараат камењата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Жолчно надојдената ноќ од сите јами и од сите рани на животот го демнела на секој чекор со соништа што ги заборавил ослободувајќи се од треската и го присилувала да се движи со крадечка претпазливост помеѓу двоколките на кои, овде или онде, веќе спиеле неколцина.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Оделе претпазливо кон челната двоколка и не знаеле дали гологлавиот човек со попска мантија под кожувот е мудар советник на туѓоселани или е дневен грозоморник што им смислил стапица.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во тоа време Европа, ако знае дека се поминати шест или седум години откако Американецот Јозеф Хенри ги создал електромагнетите со голема сила (електричен мотор!), не знае дека во еден дел на Македонија мажите се впрегнуваат во рала и во двоколки.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Не бил нем само Онисифор, тој, со лузната, туку и сите други заедно со жените и децата што помагале во запрегнувањето на добитокот во двоколките на кои ќе се донесат воденичките камења од Лесново, по нивна сметка пред да созреат црешите, пред лето значи, и луѓето редум ќе ги израстоварат на брегот на Давидица, секој својот товар пред своја воденица што жената или некој старец или роднина од Побожјане, од Бањанци, од Кучковица или од Мирковци ќе ја допокрие.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)