дебатира несв.

дебатира (несв.)

Не раскажувајте ми приказни, пробајте и тогаш ќе седнам да дебатирам со сите што поминуваат или поминале низ истото обележување.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Министерот за куродрвење во тој момент дебатираше со опозицискиот широкуран дали треба да се кастрат трошоците во образованието додека гуската од Битола го тестираше новиот римејл купен со парите од патните трошкови.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Мислам дека нашата животна ситуација дава доста примери за тоа дека има многу што умеат да спорат разговарајќи, но малкумина се оние што разговарајќи вршат усилба и да се разберат: во сите институции на системот се дебатира и се спори разговарајќи.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Но тој на почетокот не можеше да разбере каде и во што целеше Татко при посочувањето на овие две заемки, со сосема различна конотација, но за тоа требаше да се дебатира, откако ќе се исцрпеше сета можна конотација на овие два збора во балканските и во другите европски јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Двајцата попови кои жестоко дебатираа дали во 2012 година Земјата ќе биде уништена затоа што така било запишано во предвидувањата на Маите или затоа што самите веруваме во тоа (а секако, доколку не биде, Скопје ќе направи импозантен исчекор во урбанистичкиот план), поминувајќи крај нас, само се прекрстија и рекоа: - Нека ви е Господ на помош, вам кои не ѝ плаќате данок на оваа кутра држава.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Исто така, во ова сфаќање на буржоаската јавна сфера како јавност на приватни лица кои се здружуваат за да дебатираат за прашања во врска со државната власт над нив, приватната сфера (вклучувајќи го и семејството) се постулира како сфера на слободата која треба да се брани против државната доминација.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Загубата на еден деспотски авторитет се распрши накусо во јалово и комедијашко дебатирање на групи бивши поданици кадешто сите „буџаклиски” идеи се струполија на сцената како месијанско лакрдијашење, како проводаџиство со разни лицитарски „искупувања” на националната душа, како евтино магионичарско залудување на зашеметениот народен инстинкт за опстанок.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Изборот за дебатирање со Татко за судбината на заемките, за означување грижа, мака, тегоба: саклет (siklet на арапски), зулум, зор, зорт, зарурет, изиет, кијамет.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)