дента прил.
ден м.

дента (прил.)

Жената која лежеше на креветот до нејзиниот, модра како џигер и со одвај триесетина килограми сѐ уште лелекаше и офкаше од болки, а мајка ми која не ми ни дозволи да ѝ помогнам да се преоблече дента кога ја донесов, лежеше мртва.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Дури вечерта ме испрашуваа и потоа, ноќта, ме одведоа во приземјето на една стара затворска зграда на улицата Хане (тоа го видов дента на излегување), заедно со други истамбулски и светски провалници и пробисвети.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Видов дека и другите се по влечки, па чекав проблемот сам да се разреши додека сите тргнавме еден по друг кон вратата од која дента мистериозно исчезнуваа и се појавуваа моите братучеди носејќи тенџериња и садови.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Дента откако отпочина Бог Поворки стигнаа од краишта опашани со море И гласои доаѓаа од кај ѕвездите.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Дожд со лапавица ги фати дента и тие накиснаа до кожа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кога поручаа, Горда стана да си оди, но железничарот ја предупреди дека го испратил последниот патнички воз за дента, а жената ја кандисуваше да преспие кај нив, додека најпосле не изнајдоа дека токму сега поминува шинобус за кој треба да се доплати, па Горда набрзина се испрати со нив, го бакна детето во сон и истрча да го стаса писокот што наидуваше од блискиот свиок.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
На истото место и исто онака со диференцијалот на којшто работеше дента кога ја здогледа Германија.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Меѓу посветените бискупи е и Монсењорот Франо Илија, кој дента го слави и својот роденден, а на истиот ден на 25 април 1968 година бил осуден на смрт за шпионажа, за потоа казната да му биде заменета со 25 години робија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Впрочем, и самата се изменив, повеќе не сакам да ми телефонираат од дома и да ми кажуваат страшни работи, на пример на Осиек дента паднале 500 гранати.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Дента по блиските шини татнеа возови, шинобуси, пиштеа пробивно железничарски свирчиња, се сменуваа викови, песни, смеа, а стариот вагон на заборавениот колосек го гледаше сето тоа, слушаше и копнееше од мака.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Дента станавме рано, со првите петли. Слеговме во дворот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Дента кога се посомнева дека забременила, се исплаши. Не знаеше што да прави и каде да оди.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Третиот ден, сонцето беше на заоѓање и Јован требаше веќе да привршува со работа за дента.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Дента кога Трајан отиде да го види Висара, татко му од Висар не беше дома; го најде Висара кај што гледа низ прозорецот со насолзени очи; Трајана го обзеде жал и го грабна Висара за раце: Ајде со мене, му рече, ајде да прошетаме по езерото.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Климент Камилски не знаеше како да ѝ се заблагодари за одличната тава имам бајалди, не можеше да најде вистински зборови, сакаше во мигот да ѝ бакне рака на Мајка по втор пат дента, но виде дека тоа не оди, па мигум се откажа и ѝ рече воодушевено: Одлична Ви беше тавата имам бајалди.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Последното делче во него се скрши дента кога меѓу имињата на оние десетмина што загинаа во заседа го препозна и името на одамна заборавениот школски пријател.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Уште како дете, дента на Шабат, Лука одеше во домот на Кореови да го пали огнот за подгревање на саботниот ручек, па тие го задржуваа и го помагаа на начини што ќе бидат полезни, а нема да ги навредат ни него, ниту пак неговите родители.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Да имаше власт над сонцето, сигурно ќе го изгасне дента кога ќе требаше да се упокои, за другите да ги повлече со себе.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не ми беше по волја, се лутев, а тој рече дека мора да оди со „газдата“ на Зајачки Рид, оти овој му ветил дека дента, на крајот од тренингот, ќе му дозволи да се повози малку со неговиот мотоцикл.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Дента до пладне веќе беше сигурно дека фронтот најпосле скинал и турнал в невиделина. ***
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Повеќе