десничарски (прид.)
Кога ќе ти го прочитам заклучокот на мојата дисертација, можеби сѐ ќе ти биде јасно! одговори мигум Камилски и продолжи: Замисли, мој пријателе, пред угледните професори, без оглед дали се од десничарско или левичарско убедување, а во комисијата на одбраната и од обете, можев слободно во заклучокот да го изнесам своето убедување: Педагогијата претставува грандиозна епоха во историјата на педагошката наука и нејзината примена ќе може да се остварува по Октомвриската револуција......
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во најмала рака, на почетокот на март некој што имал пристап до тие информации му ги испратил по е-порака на Мичиген ривју, конзервативното списание на кампусот поврзано со Нешнал ривју и со националната мрежа на десничарските студентски изданија.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Вашите глупи емисии и весници и книги и лова и коли и вашите спортски клубови и вашите кафеани и вашите манири, семејства, врски, министерства, вашата тивка подмолна омраза што блика на секој чекор кон „шиптарите“ (а јавно, најбедни кукавици, ниеден од вас, фашистоидни дебелковци) нема муда да формулира ма барем и малку подрастичен „десничарски“ став, а се шлепувате на цели контра- идеологии ко најниска можна животна форма, за вас и вирусите се еволутивен чекор напред. 10 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Написот што Нешнал ривју го објави на својата страница во петокот на 17 март 2000 година го презеде Вашингтон тајмс и така растревожи низа десничарски организации.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)