дефетизам (м.)
Додека Исток се будеше во жестокиот антисоветски и антикомунистички револт, на чие чело застануваа Вацлав Хавел, Лех Валенса во самоуправна, неврзана, демократска Југославија, преовладуваше дефетизмот и конформизмот на некогаш среќни владетели -утописти, кои не можеа да веруваат дека нивниот сон завршува!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во еден таков момент на налет на дефетизам, кој ги опфати двајцата, Климент го цитирал моќниот владетел Шарл де Гол, кој во една пригода му рекол на уште помоќниот Сталин: На крајот, сепак, смртта победува!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ја чувствував од далечината толку блиска моралната поддршка на Елен Лејбовиц во моменти на дефетизам поради опасноста настаните во Македонија да добијат трагичен епилог како во други поранешни југословенски републики.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
На мигови опфатен од чувство на дефетизам, кое беше мошне често кај балканските интелектуалци, формирани на Запад или Исток, сакаше да му каже на Татко јасно и гласно дека и нивната потрага по опасните османизми можеби ја губи основната смисла кога остануваат нерасчистени фундаменталните прашања за потеклото и врските помеѓу јазиците.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)