дечко м.

дечко (м.)

- Не се карај и да не ги караш дечките! - му подвикна дедо.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
За жал имам лоша навика па никогаш не се распрашувам за дечковците или другарките пред да се втурам во врска со нив.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Имав дечко со кого живеев во стан, ме запишаа на факултет кој го платија неговите родители само за да учиме заедно, така што беше на повидок да ме вработат на многу фина работа за која сонуваа повеќето битолчанки и со која плата ќе живеев убаво и ќе си го плаќав факултетот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Мојот драг дечко се залета да изигрува менаџер на татко ми.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Таа несреќа ја следела и мајката на мојот дечко, како по некоја проклета наследна коб.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Дечко ми живее кај мене речиси два месеци. Малку ми здодеа од него. Заедно сме по дваесет и четири часа.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Па, нели си му зборел на дечко ми дека не сум доволно добра.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Жена со две прекрасни деца, за жал разведена и имаше дечко тежок женкар.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Дечко ми не ми олесни многу, освен што ме вклопи со мајка му кога ми кажа дека таа е психијатар. Тоа некако ми влезе под кожа.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Невидлив меч му го пресече телото, како кога ќе видеше на огласната табла на факултет дека не го положил испитот или како кога некоја девојка која му се допаѓаше ќе поминеше покрај него гушната со некој дечко.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Нема поголемо понижување од тоа бившиот дечко, после сѐ, да ми бара некои пари кои неговите родители ги уплатиле за да ме запишат на факултет кој не го сакав и на кој стапнав само двапати. Кога се запишував и кога се отпишував.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
По дома муабет за дечко беше строго забранет и немаше таква категорија на роднина додека не се даде збор или свршувачка, ама затоа постоеја другари, блиски, блиски... па кога ќе раскинеш, оп - нов другар, уште поблизок, ама овој е најдобар по физика и, всушност, ти прави чест што секој ден одвојува време да ти потпомага во градивото.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тоа е тоа, моите дечковци газ и гаќи со моите најблиски другарки.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Девојчето и дечкото што работеа таму беа баш фини, па убаво си разговарав со нив додека го пиев кафето на шанкот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Нешто ни е нервозна у последно време па со никого не комуницира, а и дечковците кои ѝ се пуштаат ги игнорира.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Понекогаш ја прифаќам шегата, а понекогаш имам желба да му скокнам и да го убијам, особено ако се најде уште некој кој ќе ме земе во одбрана и ќе рече: „Мала е таа сѐ уште за дечковци. Не ѝ е уште време“.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Така при запалени боринки се собиравме во една одаја сите што бевме останати во селото, ги одврзувавме црните шамии, врз нив ги стававме кадрата на нашите дечки и ги гледавме, им шепотевме, а тие само не гледаа и не гледаа, а ние со шепот им зборувавме и со лесен допир, со прстите им галевме образи и чела, со болно навлажнети усни им бакнувавме очи, а тие само не гледаа и само молчеа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Дечко не ти е, исто така? Не ми е ни маж, ни дечко, се смее таа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дечко како мене може да биде прилично корисен во работен логор.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Знаеш, се чувствувам како ученичка што избегала од дома на првиот состанок со дечкото.  - Избегала?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Повеќе