диплома (ж.)

Во осумнаесетата година ја спушти слушалката и се исправи од клупа со матурантска диплома в џеб.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Не можеше да добие диплома, да матурира; на разговорот со директорот беше дрзок, и на овој му попуштија нервите, оти во есејот Лудвик беше направил некои неумесни асоцијации и за него, и за неверството на неговата прва жена.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се распиша конкурс на сите факултети семкари и овчари станаа студенти соблекоа волна, облекоа одело се штанцаат дипломи во секое село О Тешкото...
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Мастилото на дипломата дека сум жена уште не е исушено.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Курвите на шанкот се академски граѓанки со диплома меѓу нозете.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Со диплома на градежен инженер се вработив во Дирекцијата за обнова и изградба на Скопје и ја градев Народната и универзитетска библиотека, Архивот на Македонија и Институтот за национална историја, Театарот на народностите, Музејот за современа уметност и комплексот музеи на Македонија и други објекти.... Таков пат поминав...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сега навистина бев Црн брат со диплома.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Цариградската кадиска диплома ќе му помогне на Татко во остварувањето на десетгодишната судиска и адвокатска кариера во монархиска Албанија, служејќи како кралски судија во неколку албански градови, а на крајот, кога не можејќи да се помири со режимот, и да отвори адвокатска канцеларија во родниот град Поградец на самата граница крај Охридското Езеро, каде што неговото потесно и пошироко семејство уживаше несомнен авторитет.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Џабе им е дипломата на брат ми и штедната книшка на татко ми и на мајка ми кога и тој и тие можат газ да си бришат со нив, оти скоро ни тоалетна хартија нема да има.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Кога шуто и рогато можеа да земат диплома, зошто и таа да не го завршеше.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Наградите, дипломите и плакетите стоеја на свечено украсената маса пред тројното жири.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се пробиваше, со својата диплома, низ кревките државни институции во кои сѐ уште преовладуваше инерцијата на отоманскиот менталитет, колку и да беше силен отпорот кон него.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И не ти треба диплома за бизнис менаџер за да си направиш план за инвестицијата, плус-минус бројот на свадби во годината, еднакво на профит.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ако не друго, сето ова за мене ќе биде само уште една добра улична школа. Никоја диплома не може да ја замени уличната.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Осоколен од љубопитните очи на девојчињата, кои со нетрпение очекуваа да дознаат зошто сум ја зел скалата и каков мајмунлак сега готвам, го презедов најинтересниот подвиг сам со себе, оти човек себеси треба да се запознава цел живот, оти може многу повеќе да стори одошто мисли дека може, и одошто општеството, преку дипломи и документи му кажува дека може.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тука беше, првин, неговата цариградска диплома, со која стана кадија, па нејзината нострификација во монархистичката родна земја, па потоа нејзината валидност од времето на окупацијата, во градот на истекот на реката од Езерото.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Добивме и дипломи со кои се гарантираше нашата лојалност, потпишани од генерал Требаше наскоро да бидеме подготвени за постови на одбрана на земјата надвор, која внатре започнуваше да се распаѓа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Со докторската диплома во пазува и кабинетот под клуч во џеб, со младата мајка и идната аптекарка дома, со стариот татко во родниот град и сиот товар од авторитетот на традицијата во лекарската професија - се впушти Миха во оној метеж од брзак што се вика општествена афирмација.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Се врати со својата кадиска диплома за старо шеријатско и модерно право, беше едно време судија на албанската монархија, на крајот адвокат во Поградец.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Рече дека таа идеја ја дала Луција, како култ- координатор на целото училиште и на Партијата, и дека наградите (три: една прва, една втора и една трета, во парична вредност која не беше за потценување), ќе бидат доделени на денот на врачувањето на дипломите, на самиот крај од нашето четиригодишно школување.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Повеќе