дискретно прил.
дискретен прид.

дискретно (прил.)

Многу ми го фалат бабо курвичето твое курвичето твое бабо ептен малолетно целиот град бабо слушам бил со него со твоето курвиче бабо малолетно Ај што е малолетно не е толку штетно курвичето било бабо куриозитетно паметно ти било бабо и премногу спретно директори и господа ги служело дискретно Ајде дали знаеш бабо кого чуваш в куќа техничарче право бабо била твојта внука од куќа во куќа бабо внука ти е блудна по неколку абортуса и еве пак е трудна
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Поетскиот хуманизам (а тоа е чинам вистинскиот збор за она што ја покренува и усвитува прозата на Чинго) во името на кого авторот толку дискретно и толку ненаметливо прозборува за човечките судбини на својата избраздена пасквелска земја е само еден од видовите на растреперениот и честопати трауматизиран сензибилитет на модерниот човек пред сето она што таа иста современост во својот незапирен победнички настап го донесува како перспектива и ослободување но и како страв од нови опасности и беспаќа.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Се случуваше некое од овие деца да замине на летување во некое летувалиште на Црвениот крст, а зад тоа стоеше секогаш Мајка, дискретно криејќи ја својата добрина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ја респектираше нејзината амбициозност, па тоа му наложуваше кон неа да биде дискретно внимателен.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Дискретно си забришуваше солза, спонтано стркалана низ образот - беа тоа солзи радосници, чувството на блискост со младата генерација...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Климент Камилски коментира во себе, а подоцна тоа му го пренесе дискретно во еден разговор на Татко, дека и цензурата во сталинистичкиот комунизам по војната била само една од балканските варијанти на западната инквизиција во однос на забраната на книгите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Според интерниот партиски договор, кој своевремено му беше дискретно пренесен и на Чанга, козите требаше да се вратат во селата, таму да се заколат, или овде, во градот да им се отстапат на народните мензи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И покрај татковото дискретно предупредување, како довчерашни емигранти да се ориентираме кон професиите кои го заобиколуваат затворот, како што се медицинските или техничките науки, јас скршнав од ветениот пат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На моменти, кога беше сигурен дека никој од присутните нема да го искодоши ја озборувше гардата како збир на примитивци и силеџии, но кога требаше Влатче, како што го викаа нагалено знаеше дискретно и шарматно да се пофали со своето гардиско искуство.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Што се однесува до конзервативните „драпачи на јајца“ и нивната „трогателна“ љубов кон „старините“, за нив можеме да имаме ситно и дискретно сочувство, скромна но и смешна емпатија поради духовниот кафез во кој живеат.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
До тебе седеше едно црномуресто девојче, косата ѝ беше собрана во кики, цело време љубопитно те подгледнуваше и со лактот дискретно ја удираше постарата жена што седеше до неа, најверојатно нејзината мајка.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Боге и Кате дискретно се погледнаа, во недоумица дали да се насмеат или да се воздржат, па си ги воздржаа погледите пред себе.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Белиот ангорски мачор дискретно се почеша од ногавицата на неговата нога и, седнувајќи на бутовите, се смести пред нив.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ја користиме приликата дискретно да го воведеме Енценсбергер и да го соочиме со домашната литературна сцена на која се наметна една анахрона литературна постапка која задоцнето ја обновува, во голема мера старата и наивна форма на реалистичкиот роман.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Нивните дискретно откриени, напудрени раце. Турајќи саке, потклекнати, со исправено и гордо држење.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Има сив сомотски жакет, дискретно распаран под левата мишка, сина кошула од грубо платно и стара црна кравата лошо врзана околу долгиот жилав врат.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сталин, првин дискретно, а подоцна и јавно почна да им се заканува на непомирливите Балканци со своите освојувачки шеми.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сашка ги стегна градите: дискретно, здржано се поклони. По навика, по инерција, - механички.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Томето и Христина им се приклучија дискретно. Се редеа песни од сите страни на Балканот, па и по некоја француска, италијанска или руска.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Дискретно намигнувајќи ѝ на Рада, ја покани во својата ординација.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Повеќе