дискреција ж.

дискреција (ж.)

Контактите со нив Илона ги имаше извршено во строга дискреција.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Имав голема желба да видам како, преку уметнички остварувања, на сцена може да се доживее она што секогаш останувало како најскриена дискреција во интимите на човекот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Меѓу другото и таа беше „со обврски“, што укажуваше на нивната подеднаква заинтересираност за дискреција.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Имаше нешто што му недостасуваше: дискреција, воздржаност, еден вид спасоносна глупост.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мислев оти само така ќе можам да обезбедам целосна дискреција. Но изгледа ќе згрешев.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Еве, јас сум жив доказ за тоа: по многу упорни обиди и залагања, вчера конечно добив охрабрувачки и-меил од една продуцентска куќа (заради професионална дискреција ќе го премолчам името на испраќачот, па во понатамошниот текст ќе ги нарекувам Џиги Миги Ентертејнмент).
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Во случај да не сте задоволни, ги враќам парите. Гарантирам дискреција.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Не можеше да стане збор за реска граница, но забележливо беше дека во вечерните часови и во ноќите, собите ги користеа угледни господа кои, заради дискреција, ги пуштаа партнерките сами да влезат во зградата додека тие во колите извесно време пребаруваа нешто што никогаш не им беше потребно.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
А од многу дискреција па и кој видел фајде или стигнал до некоја позиција.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)