доварди (св.)
Остана само Мајка да самува среде татковите книги, за да го доварди последниот нивни редослед, оставен како аманет да се дочува што подолго.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Живееше во симфониската тишина која умееше да ја оркестрира во животот, победувајќи ја горчливата осама крај верните таткови книги, наспроти разбеганите чеда, за кои сметаше сѐ уште дека ја беше испратил бог во животот да ги доварди, да ги спасува!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Се најде кој ука да ми дава како се варди пламенчето на коренот или пак знаеш што значи некој само еднаш да ти бркни во тебе и да те остави со тежина за цел живот а тој да ја цапа дуњата заборавајќи дека некаде го запалил пламенчето на нов живот и ти велам не туку ломоти не ми кажувај како треба да ги довардам знам јас како се вардат оти угол сама го довардив тој што ги оплодил овие семчиња заминувај си од мојот сон остави ме да се соземам утре ќе ми треба многу сила сега си нашол да ме учиш што и како кога пред мене си само сенка!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Остана така да го довардува горкиот разделен корен на семејството на родната почва крај големата вода...
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Додека миже, човек си мисли дека полесно се довардува татковината.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Ги довардуваше отворените страници со разиграната таткова пепел, небаре означувајќи го татковото присуство.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
И, лебами, тројцата ергени ќе можат една сестра да довардат? — додаде Доста Макрева, заблазнувајќи ѝ на Рожденката и ветувајќи ѝ дека и таа ќе ги прати нејзините три девојчиња кога ќе пораснат за на школа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Колку и да вардиме никогаш не ќе можеме да го довардиме.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
И ова забременување си го толкуваше како Господова волја да доварди, да спаси уште едно чедо.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Така бркани од силниот аскер членовите на востаничкиот штаб — Сарафов, Гарванов, Тале поп Христов, Лука Џеров (без Дамета), со стотина свои истоштени четници, — седеа еден ден под широките ели на Копанките, под самиот врв Кајмакчалан, длабоко замислени, не знаејќи какви мерки да преземат барем нивните глави да ги довардат.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Добро, бре Толе. Токо она да не се издаде, како ќе се доварди од толку очи?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Главно е сега да и довардиме главите, та за главабашии, буљукбашии сете веќе сме печени, — му одговори Толе и ги раздели на четири чети: — Еве ти, Стојо, земи и виа твојте орленци, марулчани, мојте крушевчани и чанивци пет шест души, и држи а Маргара, до кај Будимеш.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Како последен храм во верувањето во татковината на животот ми остануваа татковите книги на кои можев вистински да им се доверам крај животот на мојата Мајка кои ги довардуваше до моето враќање.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Петра ѝ блазеше на Чана што го открила ова брложе каде таа ќе може да ги доварди дечињава додека не дојде нејзиниот закрилник Костадин.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Ѓаурска работа, може и тоа да биде; инаку како се доварди од толку потери и пусии на кои падна овие десетина дваесет години арамилак!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Браните се изградија. А на Цветана Горски му остана да ја доварди колекцијата на животот на Езерото на Игора Лозински, со посебниот оддел на патот на јагулите, која заврши во убав и единствен музеј во градот на реката.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)