договара (несв.)
И додека Татко и Камилски се договараа за последните работи околу конечното составување на листата на заемките на чардакот, влезе Мајка со госпоѓата Камилска да ги поканат работливите сопрузи на подготвениот ручек во бавчата со ориентални јадења во бавчата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Влакна од нејзината коса го скокоткаат и му го бара погледот во ретровизорот преку којшто разговараат и се договараат со очи.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Иако има пракса да се договори со адвокатот за трошоци во висина од 10% од досудената и наплатена оштета, поради сигурноста во својот случај, тој се договара за трошоци според Адвокатската тарифа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Дури се договараа, дури издадоа заповед за напад, сонцето веќе искочи и часовниците покажуваа повеќе од осум.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Веќе третпат се договара да се најдат на кафе во некое од кафулињата во центарот на Охрид каде што, додека седеа и разговараа, Едо со задоволство рагледуваше наоколу да види кој негови или нејзини познати ги виделе и како се однесуваат кон тоа.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Таму се наоѓаме, таму се договараме, таму создаваме или се подготвуваме за творечка пенетрација во светот на уметноста“.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Тоа значеше нешто посебно, иако никоја од жените тоа посебно не можеше да го дефинира во конкретно сознание, но беше важно со самото тоа дека таквиот статус ги охрабруваше „типките”, како што Илона ги нарекуваше своите „колешки” од другите соби, да бидат сигурни во контактите и договарањата со неа.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Малку повеќе дисциплина никому нема да му пречи. Со заедничка трпеливост и договарање оваа неволја полесно ќе ја совладаме.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
ја знаеш приказната за штркот и штрчицата, ме прашува, кажи ја, му велам, некој ѝ ги заменил јајцата на штрчицата што ги лежела, вели, а кога јајцата се испилиле, вели, штркот видел дека испилците не се негови и почнал да ја врти главата над гнездото, над голиштарците, и само штракал со клунот, замавнувал како човек што се крсти, вели, штракал и се гледал во испилците и во штрчицата, вели, а потоа викнал и други штркови да го видат срамот, вели, и тие ја истерале штрчицата настрана и долго штракале, се договарале за потаму, вели, и после ја викнале штрчицата назад и почнале да ја тепаат со клуновите по глава, вели, так, так, так, а таа само стои, а потоа ги отепале и голиштарците нејзини, вели, ги кренале високо и ги отпуштиле озгора;
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Добива согласност, се организира средбата, се договара и се пишува официјален допис...
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Со задоволство беше прифатено. За цената ќе се договараме... со наддавање.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Тоа прашање секогаш остануваше без одговор, но ние си го поставувавме, разговаравме, се договаравме, изнесувавме различни претпоставки и аргументи, се спротивставувавме еден на друг, барајќи излез од мората што веќе силно нѐ притискаше.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Се договараат старешините, а ние слушаме.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Лепезите од време на време им се придвижуваат од невидливите струења, а тие исто така им служат како еден вид договарање познат само на рептилите.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Овие самонаречени ‘чувари’ на словото, а не на духот на законот, работејќи во една системски корумпирана атмосфера, така дрско и безобразно, застанаа зад парчето интриганство – кое се состои во тврдењето дека меѓу работодавачот и работникот постои божемна ‘слобода на договарање’.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Забележа тој дека Тодора си ги сака иконите, си пали редовно кандило, си оди в црква како да е самата дома топол леб, не жива сода, за секој адет се договара со попот и ревносно ги потсетува домашните и комшиите на празниците што идат, па реши да удри на тој тапан, белки и господ ќе му помогне.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Кога навечер, по враќањето откај сарајот, не можејќи да се скраси в постела, нервозно шеташе нагоре-надолу по плоштадката пред Капан-анот, која дење се полнеше од трговски договарања и преговарања, тој избегнуваше да се сретне дури и со Марин Крусиќ, зашто сега со никој жив не сакаше да ја дели својата болка, како таа единствено да му остана од Атиџе.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Му реков: Јас се договарав со него, велам, и штом се заврши уредувањето на гробот, ќе треба да се спремам и еден ден да заминам.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Се договараме: точно во седум, ама ни минута порано, да ја повикам на „овој телефон“.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Сигурно веќе неколкупати се договарале кога е најзгодно да дојдат, мајката можеби излегла денеска пол саат порано од работа, но сепак се подзабавиле и за малку да им пропаднат парите што ги дадоа за тролејбуска карта.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)