дождлив (прид.)
И така беше тоа секогаш, на планетата Венера, и ова беше училницата со децата од мажите и жените што со ракети дојдоа ваму, во овој дождлив свет, за да основаат цивилизација и да го минат својот век.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Во убаво време пареата се крева нагоре и се губи во небото, а во матно, дождливо време, пареата се спушта над селото, налегнува по дворовите, куќите, и им го гнети на луѓето во носот својот смрдеж.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Дали сум сега среќен човек, дали во ноќите носталгични и дождливи ме заспиваат сопствените сонови или црни демони гребат по моите перници!
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Во една ветровита, дождлива есенска вечер, тагата за одминатото лето ме наведе да пробуричкам по полицата, каде што пред започнувањето на училиштето ја бев затурил мојата мила, дрвена шупелка.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Лежеа и молчеа како два остарени песа што се вратиле кај господарот по долго талкање по планини и друмови, по долови и скрки, за да му ги вратат на господарот десетте години што тој ги заборавил во туѓа земја, во туѓ град, во грдо ѓубриште, во една ноќ есенска, темна и дождлива. Кутрите мои чевли.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
По еден облак од секој тип - цирус, кумулус, кумулонимбус и другите - ќе има доволно за сите; исто така, по еден пример од секој вид време - убаво, дождливо, топло, студено, влажно, суво, мирно, ветровито (и нивните разни комбинации - убаво-топло-суво-мирно, убаво-топло-влажно-мирно, итн.) ќе послужи за сите поединечни денови (и ноќи) на тоа време, и покрај тоа што едно магливо благо мирно рано утро е задоволство кое секако може да се разликува од истите услови напладне или приквечер.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
По толку години, секако предолго време и за најсвет живот, кираџиите и дрварите се колнеле во очите и во децата дека ги сретнале во дождливите есенски наквечерини, тројца, костур зад костур со долга брада, нечудни очајници и голтари до кожа.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тоа му предизвика слатка внатрешна смеа. Го одушевуваше дошикливоста на жените секогаш кога е во прашање гревот.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Учителот додека деновите беа убави, наставата ја држеше надвор, во природа; но кога зафатија дождливите и студените есенски денови, бараше да му се ослободат училниците за да продолжи внатре, но командантот му викаше: - Какво школо...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Била есен, едно дождливо време, тој одел секоја утрина да си ја нагледа стапицата.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Освен еден портрет на маж, што го направив еден дождлив ден од калта која сама се понуди, друг доказ за мојата детска желба - немам.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
А во дождливо време и во зимата сликаше во една од собите во куќата која ја имаше уредено како ателје и каде што ги развиваше филмовите и ги изработуваше сликите.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Убавина и сјај. Сеж тоа, овој дождлив мај...
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Дождливите пак, немилосрдно, ме потсетуваа дека треба да решам едно прашање што не е симнато од дневниот ред и кога немам нужда да мислам за него, - а тоа е прашањето за моите чевли.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Денот беше многу бурен. Саноќ дуваше силен, дождлив ветар.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Денот беше дождлив, од оние дождливи пролетни дни, кога ти се чини дека е длабока, сива есен.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)