дождовница (ж.)
Матната влече лисје, гранки и трупци, тркала камење, во суводолиците матно и лудо клокоти дождовницата.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ако тргнеме во спротивни насоки не довикувај ме повеќе, заминувам, оставајќи на судбината: „така требало да биде“ Не доаѓај повеќе да ја собираш дождовницата од пресушените очи...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Вода дождовница ги полни рововите. Шлапаат во матната и ја месат со калта.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Имаше некаква посебна мекост, како на дождовница, и во бојата и во текстурата на стаклото.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Војска? Ха! Тоа беше матна дождовница од испиени, на прв поглед безоблични луѓе, колона гробнички шинели, разнишан ред страшила, глупаво и ненужно развлечен синџир од чудни шушкави алки. Тоа беше почеток и крај.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Мајка му најмногу сакаше да си ја мие косата со дождовница.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Ѓаволче црвено во јама црна, тврдоглав мекотелец и делфин во чаша дождовница.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Сѐ, сѐ, сѐ да истриете од вас. Нека го однесе дождовницата...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)