допише (св.)
КНИГАТА СВЕДОК полици со мали простори за прав од време недопишани наслови допишани желби претопени во печатарска боја на која ми се лепат прстиве и оставаат оттисоци од воздишки а јас немам право на збор јас немам право на одбрана јас немам право на своја страница во книгата јас немам право на своја страна на светот јас немам право на странствување додека се задушувам во прав од букви на овие полици на кои го користам правото да молчам
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
Којзнае што можат да ти допишат тука...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Стоевме сѐ додека учителот кроце и внимателно не го допиша во дневникот неговото вистинско име: Славчо.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
(Место да го скине листот со туѓите надраски тој доаѓа за да провери, па дури и да допише ако треба уште некоја нова!).
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Тогаш ги остава ножиците за кастрење на оградата и се враќа да ја направи поправката или да допише. Макар и само еден збор, една реченица.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
На залезот од животот, кога опсесивно се трага по некакво помирување со нереализираните илузии, небаре задолжен од семејната судбина во егзил да ја допишам хрониката, оставена со пораките од Татковите книги, како можен тестамент за новите патишта на идните разгранувања на семејството, постојано ме обзема чувството за еден неисполнет долг кон Мајка.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Татко ми го чекаше нешто да допише, па продолжи: – Ти должам одговор на прашањето за врската помеѓу козите и јаничарите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Собата на вокалот Е во која страдањето се поставува над сите знаења на светот („Не е од големо значење знаењето со кое ќе се здобиеш, туку знаењето кое ќе го изнастрадаш“) претставува „книга на болниот“ во која се бележи поетовиот обид да се преименува себеси, да се допише и дообјасни, да се дефинира како „развеано евангелие на немирот“.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Сакав да допишам свои страници во татковата историја за јаничарството, јаничаризмот или балканската и светската јаничарија, за да ја доразберам смислата на некогашната таткова потрага, проектирана во новите времиња.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Не знам дали е ова крајот на неговата долга приказна или е само произволно продолжување што се обидува да го допише читателот?
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)