достага (ж.)
Ништо не му одговори. Сети дека образите ѝ се бледи и студени, па во тешка достага му се молеше на Бога да ја упати, да ѝ каже што е должна да стори.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ми паѓа некоја достага, ме ошумоглавува, ми се слошува.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Како што милувате: Оставка на еден карипски министер за внатрешни работи или, Достага на самиот врв од највисоката власт (1975),
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Пелагија открива дека ѝ е мило што не останува сосема сама во селото, дека овие луѓе околу неа, тешки од болка и достага, се всушност нејзина радост.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)