дотогаш прил.
дотогашен прид.

дотогаш (прил.)

Дотогаш тие живеат во својот рај.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Дотогаш онака, повеќе молчалив, отколку зборлив, сега избувнал и ништо не можело да го замолчи.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ги снема веќе и мушичките и двокрилците што летаа дотогаш над нив. Само бунарот сега можеше да ни ја изгаси жедта.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тој космички миг на среќавањето со мртвото тело на Рацин на плоштадот, покриено со знамето на земјата, на неговата земја за која живееше, страдаше и пееше, тој молневит душевен потрес, таа отворена рана, страдалничка, на елегичните стихови на неговата Балада што нѐ сплоти сите во плач и липање беа, можеби потсвесно, но длабоко во чувствувањето и мислата оној никулец што ги откриваше како еден нов, дотогаш непознат свет на болката на постоењето и на убавината на зборовите, мојата чувственост, мојата приврзаност и определба за поезијата.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Еден ден седевме во мојот дом со Менаџерот и дискутиравме за моите престоечки настапи. Тој ми спомна дека во некоја мала земја Македонија во католичката црква набавиле оргули што дотогаш ги немале и бискупот преку мојот менаџер ми се обратил мене.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
А дотогаш, кога сакаш можеш да се возиш во автобусот и секогаш да седиш на ова место крај мене.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Сѐ додека во него тлее жарче и додека од него се откинува искра и сѐ додека под прстите ја чувствуваш топлата спуза, сѐ дотогаш тоа е дел од животот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Хистеричите изливи на омраза против населението кое во Македонија се борело против турската власт биле проследени со изразување на дотогаш нечуени симпатии кон султанот и неговите крвави репресалии во Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Кадрите на бушавата брада како да пуштале свои корења во земјата - по многу години черупката ништо не ќе ја крене од тоа место и низ глобовите ќе се спровираат диви цвеќиња непознати дотогаш на планинските предели.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Оваа нова рожба го најде татка ми во дотогаш најтешка положба.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Неочекувано една рефлекторска нишка го улови твоето око, ја предаде твојата зеница, и јас го видов оној сјај што дотогаш ми се чинеше поинаков.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Бев опседнат од чувство кое дотогаш не бев го сетил.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Сите други дотогаш веќе беа разоткриени како предавници и контрареволуционери.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таа дотогаш не беше забележала дека Крсте ја гледа, та дури чудо ѝ стана кога слушна дека овие му се фалат и сакаа дури да го тепаат заради неа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Елена беше изненадена од некои свои дотогаш непознати размислувања и чувства, па од страв да не ги заборави, да не ги изгуби почна да си ги запишува во својот дневник.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Руската револуција дозволи да влезат во употреба голем број туѓи зборови кои дотогаш биле употребувани главно во писмена форма.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Оние што не ги бев видела дотогаш; оние на кои не се имав сетено дека постоеле во сите денови на војната; и се разбира најсетне, оние што можат да потрајат и подолго од еднодневна употреба.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ова семејство беше речиси истрошено од непредвидливите селидби, од судбината секогаш да се свикнува со нови дотогаш непознати луѓе со нови обичаи, со оставени блиски, куќи, ниви.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Таму во свеста се вкочанува времето на оној ден кога се оставил домот: со тој миг во сеќавањето непроменливи се луѓето што останале во селото, настаните врзани за нив и тој самиот меѓу тие луѓе и тие настани, божем из'ртел од себе и пошол да бара нешто што немал дотогаш.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Но, овие мисли бегаат додека пак не се седне крај воланот и сѐ дотогаш додека тркалата не почнат да се валкаат повторно по германските автостради.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Повеќе