дресура (ж.)
Во секој случај, разработената ментална дресура на која бил подлежен во детството и која се врти околу новоговорните зборови „ злостоп“, „ црнбел“ и „ двомисла“, го прави ненаклонет и неспособен да размислува премногу длабоко за кое било прашање.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Во согласност со Фуко (1979), практиките на овој облик на моќ навлегуваат и ги фабрикуваат животите на индивидуите на најдлабоките нивоа - вклучувајќи ги нивните гестикулации, желби, обликот на телото, навиките, и т.н. - и тој ги споредува овие практики со некој вид на „дресура“.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Гледајќи ги дресерите и кучињата, и таа се соживуваше со дресурата и често плускаше со камшикот и се лутеше кога дресурата не одеше како што треба.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)