дрогира (св. и несв.)
Едно време со закон ги држеа луѓето трезни, сега со закон ги дрогираат.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Хипстери! Битници! Бунтовници! Пушеа трева. Се дрогираа. Презираа телевизија. Беа шокантно писмени.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
И бизнисот ако не оди, и плановите ако не се оствариле, и профитот ако испарил, и жена му ако го оставила, и син му ако се дрогира, и берзата ако паднала, и војнава во Ирак ако не ја бива - за сѐ си е виновен само тој.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Системот те дрогира, системот те лечи.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)