дудук (м.)
- Подобро е да молчиш, ќе речеше, оти пеејќи, ем ќе ги изнервираш оние што не сакајќи ќе те слушнат, ем самиот ќе се разочараш од фактот дека си дудук за музика.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Остануваш дудук. Пропушташ толку многу нешта, цел еден, сопствен, живот.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Според тоа колку го знаат мајчиниот јазик, а колку англискиот, излегува дека на нашиве млади дудуци им престои блескава кариера како папагали.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)