ебиветер (м.)
Бев изненаден од две работи. Прво, крај копаното имаше веќе тројца луѓе, првите посетители и љубопитници, оние ебиветровци кои обично се публика на секоја туѓа работа.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Тоа е најбројната категорија во земјава која спие до 12 и чекајќи да им падне работа од Господа го чекаат своето подобро утре без ништо да променат во својот живот, а потајно надевајќи се дека курајберите и ебиветерите некогаш ќе се смилуваат и ќе им го променат нивното статус кво.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)