евентуално прил.
евентуален прид.

евентуално (прил.)

Тоа е смислата на хоризонтот, затоа тој е еднакво оддалечен од тебе и евентуално поширок.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Еден од нив е труење со шака апчиња или евентуално со солна киселина и мора да се признае дека овој начин на самоубиство е доста едноставен ама може да биде заебан доколку ви налета некој у меѓувреме и ве однесе на токсикологија па вашиот живот навреме да биде спасен.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
И дека еден ден тоа ќе служи за разонода На широките народни маси Евентуално и како рекламна порака На некаков вињак произведен во Загреб Знаеше не дека не знаеше Цезар и за Брут Ама напати не сакаше да знае дека знае А тоа несакање си има цена Секое сакање и несакање си има цена И од тоа може да се направи еден огромен ценовник На империјалните сакања и несакања Може да се направи и цела историја На зголемувањето на цените на главите на императорите Од Цезар до денешни дни
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Но секој обид општеството да се предочи како конзистентен модел нужно е обид кој, за да биде селективен, арбитрарно одредени начини на општествен живот ги прогласува за норма и, според истата логика, сите други феномени ги класификува како ненормални: или како резидуум на минатото кој евентуално ќе ја изживее својата цел и ќе исчезне, или како некакви туѓи елементи кои што мораат да бидат искоренети или маргинализирани.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Не се дотеруваше како другите негови домски другари - да спие со врзана коса, да црта ќумурни мустаќи, да пушта долги нокти на малиот прст - зашто однапред знаеше дека со ништо нема да го подобри својот физички изглед, за евентуално да го сврти вниманието на некоја од оние девојки што живееја како нив во државната установа на милосрдието и дарежливоста, само преку ѕид.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Директорот – откако дозна дека ќе биде тужен – го викна оштетениот работник, заедно со уште десетина други работници, и им одржа сочно заканувачко обраќање во кое им рече дека тие не се лојални на фабриката, но сепак, заради неговата „добродушност“, тој нема да ги избрка од работа, а нив ни случајно да не им текне преку извршител да ги бараат евентуално досудените пари што им ги должи претпријатието.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Може евентуално да ти го признаат само испитот по предвојничка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Го крена тешкиот плик со надеж да види кој е испраќачот и, евентуално, пакетот да го фрли во кошницата за отпадоци неотворен. Како што често правеше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Не се кажува точно што сѐ ќе покрие, но се подразбирало, секако, дека ќе го покрие селото Долнец, бидејќи во записникот се споменува отштета од државата за евентуално одземени имоти за потребите на акумулацијата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Откако авторот Едо поседе колку на истоименикот да му даде доволно време тој евентуално нешто да рече, исто така без збор, зошто молкот му предотегна, стана и се упати преку мостот кон мотелчето на Петра.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Беше ужасно. Цел живот јадев само јуфки. И евентуално печурки. Поради мирисот и чипките.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Рацете одамна не се секси приоритетни се градите, пирсаните папоци, депилираното меѓуножје, евентуално прстот во уста. (сигурно користел хендс фри оној што се запрашал каков е звукот на плесокот со една рака)
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
По можност да се пренесуваат и тие кои евентуално ќе загинат.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Меѓувремено продавницата се испразни. Влезе внатре со изговор да купи кутија цигари и да види дали евентуално ќе чуе уште нешто.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
(Мислам оти на ова место треба да истакнам дека во принцип подобро владеам со она што сакам да го искажам одошто со она што евентуално ќе го соопштам.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Преку тоа, кога ќе заладеше, облекуваше мантил. Евентуално блузата ја заменуваше со џемпер.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Никој нема да ти се вџаши, да свика за да се побуни, да те прекине среде реченица, ако се осмелиш да навестиш дека тип кој обожава диви, кој сака сентиментални песнички за невозвратена љубов или песни од мјузикли, кој наизуст ги знае најдобрите реплики на Бети Дејвис или им придава врховна важност на отмените парчиња или на внатрешното уредување – велам, никој нема да се згрози ако подречеш дека таков некој маж, можеби, евентуално, не е баш сосема стрејт.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како што многу подоцна увидов, црните луѓе се секогаш со прилично особини освен видените и секогаш истовремено помногубројни и помалобројни од секоја бројка до која евентуално би се дошло.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Но, сепак, остана впечатокот дека роковите кои се воведуваат се само инструктивни, при што отсуствува елементот на казнување на судијата кој, евентуално, би ги пречекорил пропишаните законски рокови.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Гордоста на нашата Федерација, чија слава на оружјето требаше да ја пренесеме во земјите каде што нѐ испраќаше државата како нејзини највисоки преставници, евентуално и вешти трговци, сега беше завршена во купишта железо!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Повеќе