едноличен прид.

едноличен (прид.)

Сив, едноличен, смешен?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Негово е она согледување дека едноличноста на грдото ги зазема најубавите места во нашите спомени иако не сум спремен да ги прифатам начините што тој ги предлага за да се надвладеат ваквите состојби.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И двајцата добро знаеме на која жена мислиме само јас отскокнувам кај неа љубопитен и на вишини навикнат не можев да си замислам толку еднолично и неразонодено суштество рамна снага рамен говор несовршенството ме предизвика потсвесно, како што обично се вели правев трикови за забава на народот покажував нови мустри шарпи шешири шпилови стапчиња топчиња кутивчиња бели гулаби за бела магија создавав драмски штимунг го извлекував резервниот маж последниот џокер од мојот долг од што е дупнат џеб, немав време за колебање носев кружна насмевка - рингишпил на лицето каде јас, таму таа!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Превезот на темнината бавно и еднолично се лулееше на нејзината снага и само еднаш или двапати ѝ ги подоткри малите боси стапала по кои како да се беше нафатил румениот прав на залезот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не го гледам но добро го знам Тоа испотено чело на копнежот: едноличен регистар од сувата кашлица на чекањето со две ладни ѕвезди во очите.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Времето минуваше и луѓето се заситија од едноличноста на изложбата.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Мелодрамата ги пресадила јунаштвата, борбите и патосот на класичната трагедија во релативно едноличниот свет на буржоаското постоење.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Натежнале облаците и само си мошорат едноличен дожд.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И додека тој, само по еднаш дозволувајќи му на секој селанец да ѕирне во мракот на неговиот свет, со скриено задоволство ја слушал и ја повторувал едноличната песна на камењата, луѓето чекале под стеблак на стар орев и го заборавале тврдиот пешник во тагарџикот од пресува козја кожа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се јавува едноличен звук кој се засилува.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Само по себе ова е ситно посочување, јас го чинам само затоа што сакам да ги предупредам за четврт час сите други истакнати луѓе, чиј што живот со зачудувачка едноличност се опишува задолжително од моментот на раѓањето. Ете, тоа.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Потоа поседе на завет пред колибата, на она трупче пред прозорчето, слушајќи го едноличното бучење на ветерот, тажното крцкање на буките и плисокот на водата што течеше од стреите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Можеш да одиш низ една или друга улица, без светла, така што не ги гледаш нечистите еднолични жолти ѕидови, улица по улица, со кучиња кои ќе те бркаат и црнкињи кои не те сакаат и мирис на ѓубре, во социјално-станбените блокови. Тие луѓе се гнасни.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И сал едноличен шум на стреата како од искони и еден убав мир како пред моите милиони години во библиските шуми додека врне дожд додека чади тревата додека дишам.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Ја поткренав малку главата и видов од колата едноличност – невисоки ридишта во далечина што личеа на џиновски желки, жолти и голи, без сенки под себе.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Тој дожд тегнеше во неа еднолична мелодија но не можеше да избрише едно сеќавање на онаа ноќ под врбите во паркот, и потоа во неговата врела соба, кога праинсконската вистина ја отвори до срце и ја исполни: гаменот со голо теме може сѐ и чини сѐ што може.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Едноличноста, меѓутоа, делумно ја разбиваат своевидните селски изложби со избрани примероци на есенските плодови.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Досадата од едноличноста на живеењето сѐ повеќе го притискаше, па Ц цврсто реши да ја прекине бесмислата на секојдневната рутина.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Кога навикнавме на таа едноличност, на тоа сивило, вторникот во бавчата се раздени добиче што тонеше в земи, слепи близначиња шетаа по дворовите и пееја, и така, Ноќта ми се пристори некоја небесна тишина во која не се слушаше ништо освен оној вечен звук на земјата дури се врти.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Макар што рамнината и правиот пат, кој наместа намерно завива, за да ја измени едноличната панорама, треба да го чини здодевно патувањето, особено ако трае подолго, не е такво ова патување на север, кое уште од Брисел замириса на море.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Повеќе