електрика (ж.)
Не знам дали знаете, ама ако не знаете ќе ви кажам дека вистинското турско кафе не се вари на оган и на пламен и ниту на плоча загревана со електрика, туку само на спуза.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Му се чини дека светна електрика на еден прозорец кај Сотка, прозорецот се отвори и некој вика „држете го”.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Сѐ било како на големите приеми во Кралска Круна на Корзото, но изостанал само големиот сјај, бидејќи во куќата на Рајна Коцева немаше електрика туку само една обична газиена ламба...
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
- Вие господски сте се подредиле! - рече Евто. - Имате и електрика токму како в град.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)