елиминира св. и несв.

елиминира (св. и несв.)

Позитивни искуства: Амфетамините го подигаат расположението, ја повишуваат издржливоста (вклучувајќи ја и сексуалната моќ) и ја елиминираат потребата за спиење.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ако ги елиминирате популистичките национални еуфории и ситните манипулации на овој план кои не се ништо друго туку само една бесполезна ниска страст за масите која во фундусот на историјата неминовно завршува или како евтин културен и политички кич или како невкусен и дегутантен хорор, националната еуфорија може да биде позитивно користена од визионерите на општеството, уметниците, научниците и политичарите хуманисти како генератор на големи уметнички, научни и социјални потфати.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Најнадарените меѓу нив, кои би можеле да го претставуваат нуклеусот на незадоволството, едноставно се лоцираат од страна на Полицијата на мислите и се елиминираат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Неколку агенти на Полицијата на мислите постојано се движеа меѓу нив, ширејќи лажни приказни и обележувајќи ги и елиминирајќи ги малубројните поединци за кои се оценуваше дека би можеле да станат опасни; но не беше направен ниту еден обид за нивна индоктринација со идеологијата на Партијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Трето: „Комунална хигиена“ да вложи дополнителни напори за целосно елиминирање на сите големи и мали диви депонии во градот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Гемиџиите, за да ја елиминираат непожелната посета на комуналните органи, однапред за повеќе месеци ги исплатиле разните комунални давачки.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Меѓутоа и покрај прогоните на христијанските мисионери и верници од страна на еврејската заедница и римската државна власт (Нерон, Трајан, Валериј и др.), во 313 со Миланскиот едикт за толеранција била гарантирана целосна слобода и еднаквост во вероисповед за христијаните, враќање на црковната сопственост и елиминирање на култовите на државата.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Уште повеќе се плашеле од опасноста СССР да ги поддржи нивните "експанзионистички аспирации", не исклучувајќи ја можноста идната јужнословенска федерација да го добие Солунското пристаниште како отскочна штица за натамошната советска експанзија кон Турција, што можело како последица да го има елиминирањето на Турција како европска и балканска сила.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Ако се елиминира секоја друга функција на сувенирот (естетска, идеолошка, психолошка и.т.н.), сувенирот претставува најчисто отелотворување на времето и местото воедно.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
10 На 4 октомври 1943 година, уште еднаш била направена рекапитулација на „надлежностите и активностите на СОЕ, со цел да се елиминираат какви било недоразбирања во однос на тоа кои се надлежностите на СОЕ, а кои се сметаат како воени операции“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
15 Гордоста, според Тома Аквински, најсериозниот грев од кој се раѓаат сите останати, (и навистина грев кој, како и логоцентризмот е поврзан со нееднаквоста и борбеноста) може да опстане и при самиот акт којшто е преземен да ја елиминира.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Морав да сведочам по секоја цена, да го допрам сопственото дно, минувањето низ синдромот на албанското самоуништување низ елиминирањето на троверјето како обележје низ милениумите на заедничкото истрајување.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ваквиот пристап би претставувал значително подобрување во однос на забраната со тоа што би го елиминирал црниот пазар и огромните профити што ги остварува организираниот криминал.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Татко му се труди во целост да ја елиминира улогата на улицата во воспитувањето“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тоа можеби би можел да биде одговор на сите прашања, ако успееме да ги елиминираме лековите.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Се прикажуваат како она што не се, ги штитат интересите што не се интереси на воспоставување снажно, објективно, културно јавно мнение - а тоа би требало да биде единствениот нивен интерес: со своето постоење да ја елиминираат силата како аргумент.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Се разбира, целта беше првин постепено да се елиминира употребата на природните јазици!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Втората варијанта ја елиминира, бидејќи не сакаше Французинката случајно да дознае дека тој во моментот учи француски, па да си помисли дека таа е причината за тој негов потфат.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Дојде до промена кај обврската на работодавачот за информирање на работниците за секој вид на ризик на работното место, како и за безбедносните мерки потребни за контрола на ризиците и елиминирање на штетните последици, но сега од законската формулација беа избришани(!?) вработените со договор за вработување на определено време, младите вработени, повозрасните вработени во согласност со Законот за работните односи и оние со намалена работна способност. (чл. 13 од ЗИДЗБЗР/окт.11)
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Затоа е воведена и таа додатна процедура која ги елиминира настанатите грешки од овој вид.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Повеќе