ерген м.
ергенува несв.

ерген (м.)

Само што заврши „Ерген одев” , Шлатас стана од масата и почна да држи епохален говор со лесна политичка конотација, погледнувајќи 30 пути у неговиот скупоцен саат.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Ти личиш на старецот, кој некогаш бил најубав ерген во селото и ги привлекувал погледите на убавите моми.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Ергенска вечер Последната вечер на планетата Земја.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
– Сакам да проговорам дека сите наши чупи си бараат касмет меѓу нашите ергени да се задомат, да си имаат една заштита, една сенка над главата...
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Откако се наиграа и нашетаа низ село, сите улички ги протрчаа со коњите, сите кучиња ги нападија надвор од селото, ги направија коњите бела пења, изгазија ергенчињата по некое девојче, турнаа по некоја стара баба и ќерамида од покривите; на еден знак се прибраа секој во својата „база".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Гајдаџиите не дочекувале бели влакна во мустаќите. Умирале ергени.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Веќе дваесет и две години, секоја вечер тој сака да ме однесе... точно на полноќ... но и јас знам да се бранам... со дванаест чисти симфонии на цимбали, два катаракти за славеи... едно цело крдо фоки кои се горат на тивок оган... ете ти работа за ерген...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
За некаква ергенска и моминска љубов да се мисли, беше многу рано.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Стар адет на Велигден да се кршат јајца и чие ќе падне — ќе се скрши — ќе му го даде на победникот. Не само децата и ергените, ами и по некој постар, та дури и старци си прават разонода со ова.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Толе пак, да се оправда и пред Трајка, и пред власта, се фати свети Јован со убавичката му женичка Митра, која исто насила му беше дадена на Трајка од нејзините роднини, бидејќи беше останата сирачиште уште од трите години, та уште на седумнаесетте му ја дадоа на стариот ерген Брлета за пет лири пари и десет овци да му ја отворат куќичката.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
За меланхоличниот и осамен Ерген свадбената ложница веќе не е гадна просторија.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Навистина, уште е рано, но, како што се вели, нужда закон менува: и тие со татко и нема да го чекаат Крлето осумнаесет и дваесет години да бреа по село, како што прават сиромашките ергени, ами ќе го наоглават уште на петнаесет шеснаесет години, да се отвори куќата и да има кој да му чини измет на татко ѝ и брат ѝ на Бисера.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
За завеса се зедоа чаршафите од архиерејскиот намесник, дедот поп Глигорија, а публиката стоеше на она сретсело на чаирот, каде што играа на Велигден витолишките моми и ергени.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Доста ја вложуваше сета сила и умеење што поарно да ги „исправи на нозе“ и со голема нетрпеливост чекаше да дојде и оној ден кога нејзините мечтаења ќе се збиднат, кога ќе ја види Нешка мома, Толето ерген и уште понатаму — Нешка невеста, а Толето зет крај млада невеста.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И треба да се знае: ерген и мома залагаа ли да си даваат и земаат, тоа е сериозна работа. Тука веќе нема назад.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Гледате ка зарудел по вратот, како ерген од дваесет и пет години.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Чини ли? Што велиш ти? Кој ерген бендисуваш од вашите, а?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И, лебами, тројцата ергени ќе можат една сестра да довардат? — додаде Доста Макрева, заблазнувајќи ѝ на Рожденката и ветувајќи ѝ дека и таа ќе ги прати нејзините три девојчиња кога ќе пораснат за на школа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Како триесетгодишен ерген носам лузни и читам весници - херпес, сида, азиска гонореја која го победува секој познат антибиотик.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
— Море, ако е за тоа, ене го и Јошето мое, ако го гледаш нака слабо — како кремен е. Не може ни ерген да му се опре.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Повеќе