еротика (ж.)
Ставот кој изискува секој попрво да ја подарува довербата на своето мислење го потценува обратното тежнеење кое своето мислење би сакало да го закачи за мислењата на другите лица кои се многу поповикани да имаат мислење (како што во кинеската еротика се одложува сопственото уживање за да му се приушти на другиот и за да се стекне една снага и продлабочено знаење).
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Топлата вода на дождот ја буди еротиката на шумата.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
ЖЕНО Твоето димензионално тело фантастично изобилство на еротика во шумот на сексапилноста...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Факт е дека Дишан ја одбира еротиката како тема која е апстрактна за неговото творештво, така што природно го нагласува впечатокот, бидејќи ако и постои нешто што не ја поттикнува рамнодушноста туку, напротив, ја возбудува длабоко продирајќи дури и во митот, тогаш тоа е човечката сексуалност заедно со инцестот и смртта.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Непријателот не беше толку љубовта, колку еротиката, и во бракот и надвор од бракот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Во постојан дослух со еротиката
на творењето жив, а смртен свет
- се претворам во книга на промените
го менувам името, ги трампам симболите
и приказбите, луѓето ги давам
кастингот го алтерирам
но улогите остануваат!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Машката геј-култура, пак, е позната по обичајот да ги спојува еротиката и естетиката.265
Ова, можеби, е причината поради која секогаш има нешто реакционерно во машкиот геј-култ на убавина.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Толку нежна, класична, елегантна, постепено се претвора во таинствена индиска еротика.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Тебе не те задоволуваат
патувања во позната насока
сакаш да кажеш носталгија
а да не биде типично:
татковинска болест, на пример
еротиката е носталгија по родниот крај
(и се раѓаш таму, и свршуваш)
со топло и сочно подножје
реагира на допир, роси
се распаметува, илегално и легално
јас не сум секогаш во јас-форма
јас е; ти сум; тој си...
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Се насетува некаква еротика на воздржаност или инверзија - а огромната испапчена рака ја нагласува волјата да се наметне со својата храбра необичност.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Каде се некогашните магови, толку умешни во игрите со маските, еротиката, делиријумите?
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Беше тоа еротика која одамна ја бев премавнал.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Ја имаат “Lili the Pink” на џубоксот. Време е за малку еротика....
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)