жарче (ср.)
Лист по лист грам по грам во муграта видов нов наркоман од темни зори трава тој витка до бели мугри жарчиња џитка
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Оние на кои им значи огнот со време ги курдисуваат срцата на забрзано чукање и пред да го започнат почесното сркање на новите страсти кришум прегрнати среде бел ден севезден дуваат во мангалот на Хипократ и ги разлетуваат како диви гулаби скриените жарчиња од кои се ројат палави светулки за новите ноќи.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Мајка отскрива бела погача, ја удира и ја гребе од жарчињата, ѝ ја дува посопта и ја сече.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И велиш ќе се вратиме дома, во старата куќа, ќе ги откриеме жарчињата и ќе го распалиме огништето?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Сѐ додека во него тлее жарче и додека од него се откинува искра и сѐ додека под прстите ја чувствуваш топлата спуза, сѐ дотогаш тоа е дел од животот.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Од авлијата веќе идеше миризбата на големата пита тикуш под врелиот сач околу кој стоеше Мајка вадејќи жарчиња од пепелта и ставајќи ги на голите места на врелиот метал.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И за зарек ѝ кажав да тури војца во пајнца и во пајнцата уште три лајчиња и три жарчиња и да измие три прага од куќата со таа вода и со таа вода да му ги измие градињата на детето, и да му тури малку во устето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ги гонеа светулките, ги фаќаа, како жарчиња ги држеа во рацете, па ги расфрлаа над своите глави како искри.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
И токму кога помисливме дека пламенот ќе се вивне до небесата... - а солзата која последна капна го изгаси и последното недогорено жарче, остана само пепелта која никогаш повеќе не се распали.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Се слуша дека во летните квечерини од реката изнуркуваат летачки змии и отфрлајќи жарчиња во форма на крлушка од крап, се упатуваат кон шумите.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Таа се навали на веленцето што го стави како возглавница и ѝ се пристори дека е дома во глуво доба, крај своето огниште во кое сигурно сѐ уште тлеат жарчињата што ги покри со спуза; ѝ се пристори дека е во шарената гостинска одаја во која го распосла излитеното веленце и мисли на своите рожби и на челадта од рожбите свои кои израснаа на ова веленце.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Потоа дојде железничарот, се поздрави и рече дека ја видел уште на станица, седна на своето ниско столче до шпоретот и ја запали првата цигара со жарче на маша, а потоа другите една од друга.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Ја запалува цигарата и ја закачува в уста. Буричнува со машата во жарјето, вади едно жарче и ја запалува цигарата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Веѓите ми се искубале, само уште една мало жарче ми тлее во очите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
На втори петли едно залче леб каснала - не бидувало на гладно срце јајца да се вапсаат - па ја распретала пепелта, боринче клала врз жарчињата, огнот да пламне под котлето.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Црвените жарчиња на цигарите сѐ почесто се усвитуваа, правејќи од целата тишина на ноќта само една растреперена морница на нешто непознато и грдо.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ни светкаат така жарчињата од цигарите и ни го угреваат лицето, ни го појаснуваат стравот. 31.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
- Ја нема мајка Петра - саде таа имала Господова дарба да пронајде жарче во пепелта запретано и од него огон да разгори.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Не, не станува збор за истрошеност на жарчињата на храброста.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Секоја цигара со ново чкорче ја палат. Огнот е пред нив, а не земаат жарче.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)