жежок прид.

жежок (прид.)

Тивок, жежок ветар, ги носи огновите кон нас и фрла жарје и паулици сред сувите треви.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кожата на врвот на показалецот стана жешка и отрпната додека го вртеше тркалото како ќе му дојдеше не знаејќи не ли промашил само малку пред тоа со иста комбинација.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Том погледна и виде мало жешко оганче и пивска пена во црвеникавото котле.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Сѐ беше задавено и притиснато од мората на темната жешка ноќ.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А морето се бранува со жешките бранови напоено од сончева светлина.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Поразбуричка со рака да види да ли водата не е многу жешка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се претвора во вулкан и избива. Жешка лава тече по кожата на земјата и како капки пот се слева преку долината.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Патот, којшто потсетуваше на долга змија која со нејзиното издолжено тело се протега и витка на жешкото сонце , водеше до малата бистра рекичка на која имаше дрвено мосте.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Пазариштето беше полно со секаков крупен добиток, та одвај ја држеше земјата на своите плеќи Тешко ѝ беше на земјата да ја издржи таа тежина, но уште потешко им беше на луѓето да го издржат жешкото јулско сонце кое уште од изутрина почна силно да пече.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Во ситуации во кои настојуваме да го задржиме достоинството, кога не можеме повеќе да живееме од милостината на другите, доживуваме жежок шамар на ненадејно просветлување.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Да останат вечно спомените тешки за војвода тука што остави снага, за честа што тука во часови жешки бој водеше страшен за слобода драга.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Нешто ми стои на главата како тепсија со жежок зелник, како табла со топли лебови.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дваесет огнени пушки згрмеа, дваесет жешки оловни зрна се забија во крв и месо.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Не се јадеа ако не се жешки, но потоа ставивме и урда, па така се почувствувавме како да сме дома.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
И во лета жешки и во зими бели децата ги учел сто години цели.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
...височините значи отпаѓаат ги фрлам скалите надолу во грлото на вулканот во жешкиот мрамор на истребените векови секој миг по еден век симнувам по еден недоживеан народ по една голема мајка отстапуваат црвите пред огноотпорните инсекти овие пред здивот на ослепените сенки...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Вечерта, доцна, кога на запад веќе беше папсана црвената светлина и јас полека се смирував, на листот хартија, во одвај започнатата повест, го напишав токму тоа: „Тивок, жежок ветер ги носи огновите кон нас и фрла жарје и паулици сред сувите треви...“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Бессолзните очи од тешка тага ко жарови беа; бидејќи го пресуши изворот тагата жешка - немаше солзи да леат.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Ама сепак, само во пената на кафето на плоштадот во Сиена наместо со цимет, со прав од отечени ѕвезди се нацртани разголени женски гради и само мермерот во црквата во Сиена е жежок – ем од трите разголени грации, ем од недобројните алчни зјапачи во уметнички дела, демек.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
И така ќе ме остават на некое жешко сонце, на горештина...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе