железнички (прид.)
Нѐ одведоа така на железничка станица.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Татко не можеше да дојде на железничката станица. Мајка беше тука.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Цели железнички композиции не би биле доволни германските музеи да се исчистат од тој шунд.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
За растојанија помали од сто километри не беше потребно заверување на пасошот, но понекогаш околу железничките станици се моткаа патроли кои ги прегледуваа документите на секој член на Партијата што ќе го најдеа таму и поставуваа непријатни прашања.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Го пишувам ова ноќта пред да тргнам со воз, од Будимпешта за Скопје; спакуван сум и утре изутрина ќе се искрадам од најпознатиот европски циркус и ќе заминам кон железничката станица.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Среде овие градби се ширеше пространиот плоштад, можеби единствен со ваква големина на Балканот, со излези кон Камениот мост и главната улица што завршуваше пред Железничката станица.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Британците се надевале дека таа група би соработувала со групата која требало да врши диверзии на железничката пруга Скопје-Велес.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Задачата на оваа мисија била да изврши диверзија на пругата јужно од Скопје, но поради неможноста да се спушти мисија која би можела тоа да го изврши се сугерирало железничката пруга да биде прекината на „две места северно од Скопје“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Со трчање ја спраштив кон железничката станица.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Патот што му го зададе сега, беше сосем различен од оној по кој дојде и го одведе на сосем друга железничка станица.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Железничка станица Скопје.
Декемвриска вечер 1984 година
местимично густа магла
смог и препорака да не се патува
освен во крајна нужда.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
По посетата на градот ќе го извести Force 399 дека Скопје бил бомбардиран повеќепати и дека се направени големи штети на јавните згради и железничката станица и дека железничкиот мост преку реката Вардар бил уништен.283
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Уривање на мостови и железнички пруги.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ти, ми вели тој, беше во Србија за да ја продаваш таа стоката украдена од железничката станица.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Специјалните мерки98 преземени од солунската вилаетска власт за чување на железничките линии биле поврзани со случајот при Ангиста.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Се извирам под надвозникот на Малата железничка станица, цепам преку пругата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Над нивните глави, на небото често бучеа авионите, одоздола можеше да се почувствува тресењето на земјата од тропотот на возовите и камионите што се движеа по мрежата на железничките линии и автопатиштата, и челичните и цементните краци на индустриските гиганти сè повеќе ги проголтуваа, а само од преживеаните соседни шуми птиците од фармите и другите живи суштества, кои ги исполнуваа бавчите на семејството Адам, беа еден вид природна заштита за да не се скине папочната врпца на човекот со природата и нејзините мистерии.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Тополчани си има убава местоположба, блиску е и до железничката линија и до џадето, и сосема, сосема е пристапно и пеша и со запрежни и со моторни возила.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Многу е рано наутро да се бакнуваат по автобуските постојки, ама под железничка има двојки кои се разделуваат пред пат, или се сретнуваат по одмори, па денов ми продолжи во слики на љубовни изливи и страсни прегратки, и, судејќи по тоа на колку вљубени им бев „позадина“, утрово има љубов во градов наш.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Поминати се дваесет и една година од првиот писок на Стивенсоновата парна локомотива - во Германија и во Белгија се градат железнички линии.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)