жолтникав (прид.)
Под униформата, неговото тело беше обвиткано со нечисти жолтеникави крпи, одвај распознатливи како остатоци од некогашните долни алишта.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Улицата беше пуста и прошарена со мали жолтеникави риги од осветлените прозорци.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
- Доста, - нежно ја плесна Бојан по муцката, па и таа отстапи чекор, два и со крената глава го гледаше со своите умни, жолтеникави очи својот млад господар, очекувајќи ја неговата повторна покана за игра.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Со оние нивни нежни сини, жолти, бели, жолтеникаво бели и беличесто жолтеникави, црни, црни натопени со црвено, тие нивни семсекакви меки бои под кои крилото е пастелно исцртано со едноставни шарки.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Среде трпезата се најде тепсијата со баклавата со златесто жолтеникави кори како мало сонце.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Па ждригаат, рикаат, чекајќи нови дресерки, нови некои жолтеникави.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Иван Иванович има големи изразни очи со боја на тутун и устата малку му наликува на буквата ижица, Иван Никифорович има мали, жолтеникави очи, кои сосема се губат меѓу густите веѓи и дебелите образи, и носот му е како зрела слива.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Петнаесетина мали жолтеникави на Пони еден обичен.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)