жонглер (м.)
Прочуениот жонглер Август Рцман ви ја претставува својата точка со пет запалени факели, горе, на жица, растегната од крај до крај на големиот циркус „Олимпија“.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
И тогаш куклите, од вртелешките, автомобилите, формулите – еден, два, три, моторвелосипедистите со очи од прскалки, жонглери, палјачовци – се изграмадисаа на санките Дедомразовски, како купчиња муви на презреани крушки, некои паѓаат, некои слетуваат...
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Принцот, со желба да им угоди на гостите, го поттикнал ова прашање, но Бетовен останал тврдоглав, па принцот му рекол, веројатно на шега, дека или ќе се придржува на барањето или ќе биде затворен во замокот како воен заробеник поради непочитување на наредбите.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
И баш реков да видам со кого не смеам. (Пауза.) Ангеле, професионален артист, жонглер и хиромант.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)