жуборлив (прид.)
Високите и разгранети платани ја истураа сенката во жуборливите шадрвани во кои се губеше шепотот на верниците.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
И морето и бродот стокмен од нејзините ноќни шепотења и сребрените скали на вечноста по кои слегува до нас О Таа мртва, Таа заскитана вон дните Таа жуборлива во нас и студена во каменот овде е нејзината земја и мермерот во кој молчи.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Цветна разиграна река жуборливо потече кон Плоштадот Македонија, предводена од горните јавачи на коњичкиот клуб „Илинден“ - вистинска атракција: овие грациозни животни, тотално истиснати од моторизацијата, елегантно се движеа низ урбаниот простор, низ улицата Македонија, а негуваните тела и гриви светкаа на пладневното сонце.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Лукавец, Итрец, Луцифер
Серафим, Караѓоз, Ќориот, Куциот
Грбавиот
Јуда умна преумна
надеж неумерена
(а смертта е без мера
безмерен семир!)
Сило црна нечиста, нечестива
волкодлака
во туѓи светилишта падена
меркана, дебнета грдосијо
те тука си, те не си
мис-миризлива, жуборлива
етерична сфера
малку отров за малку живот
Сѐ
само простодушност не
не понизност, не!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)