забави (св.)
Никој нѐ не чека за да се забавиме, велам, и ги потерувам кравата и магарето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Направи еден полунапор да ја стигне, а потоа го забави чекорот, се сврте и тргна во спротивниот правец.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Глетката беше импозантна. Уште повеќе ги забави чекорите.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Една вечер се забавивме со Земанек на тренингот. Дојдоа да нѐ гледаат некои девојчиња од гимназијата, но и од текстилното школо, и ние беснеевме на мотоциклот, еден по друг: првин Земанек скокаше од ритче на ритче, а потем јас возев на едно тркало.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ете, јас му предлагам нови, побрзи и поубави начини за работа, а тој, стар вопер, сѐ по неговото си тера и само едно мисли, да ја забави куќата, да го излаже сопственикот...“
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Бојан почесто застануваше, свртувајќи ги очите кон долниот крај на Рамни Ливади од каде што требаше да се појави џипот. Но шумарот се забави.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Тој забави чекор, сврте глава кон благунот и онемено се вслушна во појот. Одамна нема слушнато птичјо пеење.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Мајка му излезе нешто да купи и се забави.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Го забави чекорот, посака времето да застане.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
За разлика од воените планери, во СОЕ сметале дека не е потребно да се чека да се организираат движењата на отпорот и да се чека на сојузничка интервенција, напротив тие биле убедени дека е потребно да се продолжи со реализирање на осмислените акции уште во периодот пред војната-изведување на саботажи над стопански објекти, патишта, железнични пруги и др., за да се забави германското снабдување и напредување.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Половина час подоцна возот забави. Долж испотените прозорци како призраци изнурнаа фенери. Вагонот застана и отегнато и со олеснување воздивна.
„МАРГИНА бр. 2“
(1994)
Крстовица забави чекор во кој Кузе забележа страв. Ликуваше кога гледаше такви.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
- И уште многу ќе се забави, вели Маса Ќулумоска.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Децата шашардисано да се капат во пена на ноќните забави и да гледат да свртат нешто на брзина.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Ако успееш уште и да се забавиш на своја сметка, тогаш едноставно би те сакале уште повеќе, бидејќи имаш сила да кажеш дека си поинаков.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Кревањето и спуштањето на нивните гради сега се забави до нормална брзина и тие се разделија со некаква пријатна беспомошност.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Сето тоа, според разузнавачот, се должело на вековното уназадувањето на народот, кој со векови бил владеен од другите држави „и сето тоа го забавило нивниот прогрес“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
АНТИЦА: Што се забави, боже, пак, мајка ми до ова доба?
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)