забеган (прид.)
Грбот може уште многу замаени, опијанети и забегани да понесе на кркуш, за да не се срамотат кога ќе се прпелкаат во пепелта.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Категоријата „идентитет“ нуди веродостојна основа за принципиелна поткрепа за еднаков третман на поединците што ѝ припаѓаат на некоја таква група така што ќе се претставуваат како општа класа на лица – група иста како и сите други – и така што ќе им се обезважнат заедничките, дречливи разлики, сите оние забегани и тревожни дребулии што, всушност, барем делумно ја дефинираат, разграничуваат и составуваат групата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во тоа време гравитиравме околу Галерија 7 - која беше главно собиралиште на сите анархисти, параноици, SF-фрикови, луди поети, софистицирани криминалци, дегенерирани академци, филозофични еснафи, локални мутанти, несфатени педери и лезбејки, дрогераши, идни министри, префинети заводнички, евтини проститутки, агенти на CIA, опозициони заговорници, шизофрени мистици, подздебелени циници, фантомизирани кавгаџии, трговци на ситно, дилери со дрога, забегани научници, еротизирани тинејџерки, егоцентрични рокери и турбулентни панкери, кодоши на Удба, просјаци и по некоја заскитана кокошка од соседниот двор. okno.mk | Margina #26-28 [1995] 24
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)