забелешка ж.

забелешка (ж.)

Зашто дома имаме дежурна и може да ви направи забелешка.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Рече исто така дека нема да се бави со изгледот ниту со дотрајаноста на листовите од забелешките на спомнатиот монах.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Успехот ѝ се огледа во наведувањето на театарската критика своите забелешки да ги пишува без зборови.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Веќе пред десетина, ако не и пред повеќе години тој ги сретнал забелешките на непознатиот монах водени по маргините на светите книги.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Најпрво неколку забелешки поврзани со потребата за овој запис.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Животот ми имаше покажано дека секогаш кога ќе му ставев некоја забелешка, тоа тешко го доживуваше.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Откако ќе се избере наречјето што има да биде македонски литературен јазик, ќе треба да се разгледа и, прашањето за македонскиот правопис. За правописот како и за правецот на нашето културно развивање, ќе треба тука да се направат неколку забелешки.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Големиот Брат додаде уште неколку забелешки за чистотата и за едноставноста на животот на другарот Огилви.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со една мала забелешка: бев свесен дека не смеам да се залажувам со површниот заклучок дека станувало збор за знак или најава преку која некоја непозната сила се обидува да ми ја подотвори вратата на шпекулациите овозможувајќи му на она што еднаш веќе протекло повторно да се врати и да ми се придружи...
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На првата забелешка од нашите противници, оти никогаш немало македонска словенска народност, може многу просто да им се одговори: што немало понапред – може да се стори подоцна, доста е да се имаат различни историски услови со свои одделни барања.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На забелешката од Геро дека требало да се јави во штабот, овој одмавна со ножот во раката дека тие во штабот веќе не мислат на него и доцедуваат некое од шишињата скриени по бироата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но имаше денови кога се нафаќаа за работа речиси ревносно, приредувајќи жива претстава со запишување на своите забелешки и правење нацрти на долги извештаи кои никогаш не беа завршувани - кога докажувањето на тоа што всушност си докажуваат стануваше неверојатно жестоко и компликувано, со суптилно ситничарење околу дефинициите, со огромни дигресии, со кавги - дури и со закани со обраќање до повисоки инстанци.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Здржани постапки што не смеат дури ни да потсетат а камо ли да ја употребат онаа толку природна забелешка што многу е присутна во вакви случаи: дека на овој удобен дом му недостасува само уште женска рака.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Исчезнуваа имиња на улици заменувајќи се со нови, имиња на плоштади и градови, исчезнуваа фотографии и забелешки во енциклопедиите, исчезнуваа луѓе, исчезнуваше една митологија и се заменуваше со нова, исчезнуваше една земја и се заменуваше со нови, исчезнуваше едно време од педесет години...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ќе речат некои оти културната работа е возможна само кога има политичка слобода; без неа таа е невозможна. – Вистина, во таа забелешка има еден дел вистина, но само еден дел.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Оваа забелешка ме зачекори назад кон евтината забава, но Младичот ме задржа и, веројатно, сакаше да појдеме некаде каде што докажано нема да помине никој.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Се загревам со двосмисленост. Елоквентните забелешки ја истегаат дискусијата.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
И тоа со причина, зашто одвај минуваше една недела во која „Тајмс“ не објавуваше по некоја вест во која се опишуваше како некој мал прислушкувач - „дете херој“ беше фразата што обично се употребуваше - наслушнал некоја компромитирачка забелешка и ги пријавило своите родители на Полицијата на мислите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Безбедно од продирање на забелешки; безбедно пред опасноста од преплавување со љубов, како и од уништување со омраза.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
VIII Сѐ до вечерта Бошко го мачеше забелешката на Најда, но тој премногу се надеваше во одењето кај Дика во селото преку Пелистер, за да може да најде сила да го открие значењето на зборовите што му беа речени.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Повеќе