завири (св.)
Ќе копам додека да се завири вирче, мало огледало, и додека да се видам себе си во него, победите и славите, и сета добродетел моја. Да, мојата добродетел!
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Го завирил потокот со телото и водата веќе се префрла преку него.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Една солза падни, друга завири се, стокми се и истркалај се на земја.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Во очите ѝ завирија солзи. За миг ѝ се пристори дека во маглината го гледа даскалот...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Најпосле измеривме: едно метро и дваесет сантиметри завирена вода.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)