загатка (ж.)
Мистериозна загатка.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Мојот пат е право пред мене преку сите оние деликатни кривини чие пронаоѓање е клучот за загатката.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Голема загатка е интуицијата на селаните.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Сѐ повеќе остававме душите да ни ги разјадува лишајот на оттуѓување од сѐ што е човечко во нас и околу нас: туѓиот грев, или нешто што е повеќе споулавеност и очај отколку грев, ни влечеше кон загатки.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Знаев да ја оставам големата самотија да комуницира како ниедно суштество, разјаснувајќи заплеткани загатки од својата интимност.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Долго време бев фасциниран од одредени типови загатки, делумно мистериозни, кои се вградени во јазикот што го употребуваме.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Загатките без можност за решение, значи загатките во кои ништо не е сокриено повеќе од самите загадочни чувства, таквите загатки во најдобар случај им соодветствуваат на игрите со сенки со заборавените форми на загатки, игри во премногу доброќудните сеновити градини на историјата, игрите на сенки во сенка.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Дијалог со културата и цивилизацијата е потребен пред сѐ, со цел да се унапреди човековата спремност, неговата способност и самодоверба, заради креирање на неизвесноста на сопствената иднина со интерактивна комуникација, осигурување на раст и креирање на културно- цивилизациски развој! Решението на загатката е токму ова!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Симболиката на Гринавеј исто така можеме да ја сметаме за развиена, не затоа што априори е „уметничка“ или затоа што „уживањето“ во неа следува по разрешувањето на нејзините загатки и алузии, туку затоа што произлегува од една постоечка културна традиција којашто авторот добро ја познава и затоа што органски е инкорпорирана во самата структура на неговите филмови.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Се гледа, загатката не ја остава на мир!
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Барабанот на потсвеста чукаше во ист ритам: „Барај, барај го, во него е решението на загатката.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Смртта како првобитна загатка, се провлекува низ собите на лавиринтот на Гринавеј, без класичните и конвенционални начини на своето филмско манифестирање, по пат на напнатост.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Меѓутоа, загатката се решава полесно отколку што изгледа. Нашите поими настануваат со споредување.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Сите овие сомнежи и загатки едноставно ги складираше во својата потсвест.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Загатката наречена жена за него беше бесконечна.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Загатката беше решена дури другото утро кога, минувајќи покрај истата ограда, погледнав преку неа во дворот и забележав мали куќички, за маалските, „безспризорни“ мачки.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Остануваше никогаш растолкуваната семејна загатка - за тоа што се случило во изминатите пет века отоманско време на Балканот, како дојде по поразот до големата делба, до промената на Бога, до големото гранење на семејството, кога едниот дел по отоманската опсада и победа по цена на смртта ќе замине на другиот брег на морето со старата христијанска вера, со задолжителните врски клучеви на старите куќи во пламен, со по некоја спасена икона и света книга в раце.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Нивните колебливи од аспект на доверба сведочења, субјективни и под влијание на повеќеструки мотиви поставени во ист ранг со можното, но не докрај дефинирани, од ликовите на Бунар прават загатки.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Единствено... Во мојов случај со загатките, неколку мига подоцна, го разобличував имагинарното во перцепциите.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Слободната рака предизвикувачки ја потпрела на колк. Но Доце Срменков сепак претставувал загатка и за другите и за неа.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)